„Шел“ официјално потврди дека нема гас и нафта на планината Шпираг во Албанија

April 15, 2024
1 min read

-Во извештајот за резултати за првиот квартал од оваа година, компанијата известува дека ќе избрише од својата евиденција над 600 милиони долари трошоци за истражување, главно во Албанија. Нафтените компании трошат милијарди долари за истражување со собирање сеизмички податоци и дупчење бунари за откривање на нови наоѓалишта на нафта и гас. Но, кога истражувањето не успее или бунарите се покажат непрофитабилни, компаниите ги отпишуваат своите регистри, наведува истиот извор.

Весникот потсетува дека на 13 февруари годинава ја објавил веста дека испитувањата на Шпираг оди кон неуспех.

– Тогаш владата и компанијата не реагираа. Но, сега, веста за неуспехот официјална е потврдена и од „Шел“, додава весникот.

Во објавата од минатата година Рама напиша дека по речиси десет години работа „во планината Шпираг пронајдено е големо количество висококвалитетен гас и нафта“ што ќе „влијае на иднината на земјата и на енергетската иднина на Европа“.

-Од посетата на местото на големата надеж за Албанија 2030, каде по титанска работа од речиси десет години и достигнување на 6002 метри длабоко во земјата, допрена е голема резерва на гас и нафта со највисок квалитет. Во меѓувреме, за негово извлекување се подготвува решавачкиот тест за стабилноста на подземниот притисок, кој во случај на успех ќе значи историски скок во економскиот живот на државата, напиша тогаш премиерот Рама.

Рама објави и фотографии и видео од посетата на местото каде што „Шел“ вршеше испитувања.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Смени на амбасадори и претставници на ЕУ во Западен Балкан

Следно

Во израелските напади загинаа уште 68 Палестинци во Газа, со што бројот на загинати од 7 октомври се искачи на 33.797

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop