Шеќеринска се огласи на социјалната платформа X: Ќе бидам посветена на работата со сите сојузници во Алијансата

November 19, 2024
1 min read

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на социјалната платформа Икс напиша дека ќе ѝ биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Шеќеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава.

„Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте. Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, на социјалната платформа Икс.

Алијансата денеска објави дека поранешната македонска министерка за одбрана Радмила Шеќеринска ќе стане нов заменик генерален секретар на НАТО.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шеќеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога“, наведе генералнито секретар на НАТО Марк Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата.

Честитки до Шеќеринска упати американската амбасадорка Ангела Агелер, која на социјалните мрежи истакна дека назначувањето на Шеќеринска на оваа позиција е вистински доказ за нејзината експертиза и искуство. И бугарскиот претседател Румен Радев ѝ честиташе на Шеќеринска порачувајќи дека очекува нејзиното назначување да придонесе кон зајакнувањето на колективната безбедност и сигурност на Алијансата.

Честитка упати и албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во својата објава на социјалните мрежи напиша дека посакува соработка во зајакнувањето на заедничката посветеност на мирот и стабилноста.

И Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија денеска го поздрави именувањето на Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Од Советот соопштија оти веруваат дека таа успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот.

Со ова назначување, Шеќеринска стана највисокиот функционер во Алијансата досега што доаѓа од регионот на Западен Балкан, но и од земја надвор од Европската Унија.

Таа беше министерка за одбрана од 2017 до 2022 година и одигра важна улога во процесот на пристапување на земјава во НАТО во 2020 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Деребан за ТВ 24: Распуштањето на судскиот совет е се уште опција за Владата

Следно

Завршниот Мастер Турнир останува во Торино до 2030 година

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop