Шефот за човекови права на ОН повика на ставање крај на убивањето на Западниот Брег

June 4, 2024
2 mins read

ЖЕНЕВА (АА) – Шефот за човекови права на Обединетите нации (ОН), Фолкер Турк, повика на прекин на убивањето на Западниот Брег од страна на израелските сили, јавува Анадолу.

Израелските сили во саботата го застрелаа 16-годишниот Ахмед Ашраф Хамидат и тешко го ранија 17-годишниот Мухамед Муса ал Битар во близина на бегалскиот камп Акабат Џабер, во Ерихон.

Ал Битар им подлегна на повредите следниот ден, објави Канцеларијата за човекови права.

Нивната смрт, заедно со убивањето на уште четворица Палестинци од страна на израелската Армија во вчера, го зголеми бројот на убиени Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври на 505.

„Како да не беа доволни трагичните настани во Израел, а потоа и во Газа во изминатите осум месеци, луѓето на окупираниот Западен Брег исто така се подложени од ден за ден на невидено крвопролевање. Несфатливо е толку многу животи да се одземени на таков бесмислен начин“, изјави Турк.

„Убивањето, уништувањето и широкото кршење на човековите права се неприфатливи и мора веднаш да престанат“, рече Турк.

„Израел не само што мора да усвои, туку и да спроведува правила кои се целосно во согласност со важечките норми и стандарди за човекови права.“

Тој нагласи дека секое тврдење за застрелувањата мора да биде „темелно и независно“ истражено и одговорните да одговараат.

„Неказнивоста за таквите злосторства е вообичаено предолго време на окупираниот Западен Брег. Таквата неказнивост создаде поволна средина за сѐ повеќе и повеќе убиства од страна на ИСФ“, предупреди тој, осврнувајќи се на израелските безбедносни сили со иницијали.

Канцеларијата истакна дека ИСФ често користела „смртоносна сила како прво средство“ против палестинските демонстранти кои фрлале камења, запаливи шишиња и петарди врз оклопните возила на ИСФ, во случаи кога застреланите „очигледно не претставуваат непосредна закана по животот“.

Бројот на Палестинците кои починале откако биле застрелани во горниот дел од телото, заедно со моделот на одбивање медицинска помош на повредените, сугерира „намера за убиство со кршење на правото на живот, наместо адекватна употреба на сила и обид за деескалација на тензичните ситуации“.

„Проверката на смртни случаи и мониторингот на повеќе од 80 случаи од страна на Канцеларијата за човекови права на ОН укажуваат на постојани прекршувања на меѓународниот закон за човекови права за употреба на сила од страна на ИСФ преку непотребна и непропорционална употреба на смртоносна сила и зголемување на убиствата со цел“, изјави Турк.

Тој додаде дека податоците покажуваат систематско одбивање или доцнење во давањето медицинска помош на оние кои се тешко повредени.

Според Канцеларијата за човекови права, од 7 октомври, „и покрај отсуството на вооружени дејствија на окупираниот Западен Брег“, израелската Армија извршила најмалку 29 воени операции, вклучително и воздушни напади со беспилотни летала или авиони и истрелување проектили земја-земја во бегалските кампови и други густо населени области.

Тензиите се зголемени низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по нападот на групата Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брнабиќ ќе бара од ОДИХР дополнителни објаснувања за делот од извештајот за медиумите

Следно

Државен имот со големина на 84 скопски плоштади е „ничија земја“

Latest from Blog

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од
Go toTop