Шефот на Вагнер: Го освоивме источен Бахмут

March 8, 2023
1 min read

Зеленски, пак, предупреди дека доколку падне овој град, тоа би значело и отворен пат за руските трупи да заземат и други градови

Шефот на паравоената група Вагнер, Јевгениј Пригожин, утрово објави дека негова група го освоиле источниот дел од градот Бахмут за кој изминатите денови се водат едни од најтешките битки.

„Единиците на Вагнер ја презедоа контролата над источниотцдел на Бахмут. Се што е источно од реката е под целосна контрола на Вагнер“,

вели Пригожин во снимка објавена на Телеграм.

Пред два дена, пак, тој предупреди дека неговата паравојска ќе се повлече ако Москва не им ја испорача ветената муниција. Ако Вагнер се повлече, рече тој, ќе се загрозат позициите на руската војска односно ќе се урне целиот фронт.

Во врска со Бахмут, украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Си-ен-ен“ вчера предупреди дека доколку падне овој град, тоа би значело и отворен пат за руските трупи да заземат и други градови.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Потер: Не сум сигурен како се чувствувам,емоциите се измешани

Следно

УНХЦР „длабоко загрижен“ за предлог-законот за азил во Велика Британија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.
Go toTop