Шефот на СЗО: Жителите на Газа се соочуваат со глад

December 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Жителите во градот Газа се соочуваат со гладта и го продаваат она што го поседуваат за храна, предупреди денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесува Анадолу.

„Гладта е присутна, гладта демне во Газа“, напиша Гебрејесус на платформата Х.

Четири од пет домаќинства во северниот дел на Газа и половина од раселените домаќинства на југот од енклавата поминуваат денови и ноќи без храна, рече Гебрејесус.

„Ова е срцепарателно. Овој одолговлечен конфликт го блокира многу потребниот пристап на храната и друга хуманитарна помош која спасува животи“, напиша тој.

Гебрејесус ја повика меѓународната заедница за итно подобрување на обезбеденоста со храна преку забрзан проток на помош во Газа, за да се запре гладот.

Од 7 октомври, израелската армија води деструктивна војна во Газа, што резултира со 20.057 загинати и 53.320 повредени, од кои повеќето деца и жени. Предизвикана е огромна штета на инфраструктурата и голема хуманитарна катастрофа, според палестинските и меѓународните извори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиера на детската претстава „Приказна за фамилијата Мраз” во Кино Милениум

Следно

Почина Силјан Мицевски – Циле

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop