Шефот на италијанската дипломатија во посета на државава

September 10, 2024
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани.

Како што е наведено во соопштението од Министерството за надворешни работи, за време на разговорот се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и продлабочување на економската соработка, регионалната и мултилатералната соработка, како и за иднината на процесот на проширување на Европската Унија и поддршката од Италијанската Република за нашата земја.

Ќе се разговара и за можностите за дополнително зајакнување и интензивирање на секторската соработка во различни области. 

Тајанани во Скопје ќе допатува од Црна Гора, а посетата на двете држави, како што соопшти италијанската Амбасада во Скопје, е потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремеж за европската интеграција на регионот на Западен Балкан.

– Западен Балкан е приоритет на нашата надворешна политика на која посветуваме постојано внимание, исто така и на мултилатерално ниво, претседавајќи со групата „Пријатели на Западниот Балкан“, со која повторно ќе се сретнам во Њујорк за неколку дена, изјавил Тајани пред посетата на двете држави, додавајќи дека со мисиите и бизнис форумите што се одржуваат со сите земји од регионот се отвораат нови патишта за зајакнување на извозот и инвестициите на италијанските компании.

Покрај средбата со неговиот колега Муцунски, Тајани ќе се сретне и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и со премиерот Христијан Мицкоски.

– Северна Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон ЕУ. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност, изјавил Тајани, стои во соопштението италијанската Амбасада.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ШОК за Арсенал, Одегард заработи ужасна повреда (ВИДЕО)

Следно

Една жена убиена во масивен напад со дронови врз Москва и други девет региони, откажани летови на московските аеродроми

Latest from Blog

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop