Шефицата за надворешна политика на ЕУ: Ублажувањето на санкциите за Сирија на агендата на ЕУ

January 12, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, денес соопшти дека ублажувањето на санкциите за Сирија е на агендата на ЕУ, јавува Анадолу.

„Ќе разгледаме начини како да ги олесниме санкциите. Но, ова мора да биде проследено со опиплив напредок во политичката транзиција што ја рефлектира Сирија во сиот нејзин диверзитет“, рече Калас на состанокот за Сирија одржан во саудискиот главен град Ријад.

Нагласувајќи дека во Сирија постојат и надежи и предизвици, Калас на платформата Х објави дека ќе разговара за тековниот процес на транзиција во Сирија со министрите за надворешни работи на земјите од Заливот, Блискиот Исток и европските земји.

Таа ја изрази подготвеноста на ЕУ да помогне во процесот на транзиција. „ЕУ е тука да помогне во оваа транзиција, онаму каде што сме потребни, и каде можеме да бидеме од најголема корист“, додаде таа.

Министрите за надворешни работи на арапските и западните земји денес одржаа состанок во Ријад за ситуацијата во Сирија по минатомесечниот пад на режимот на Башар ал-Асад.

Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на деценискиот режим на партијата Баас.

Преземањето дојде откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам ги освоија клучните градови во молскавична офанзива која траеше помалку од две недели.

Новата сириска администрација сега е предводена од Ахмед ал-Шара.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица

Следно

Турските сили неутрализираа 9 терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop