Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

February 9, 2026
1 min read

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија.

Во изјава на X од Министерството за надворешни работи, Купер го опиша случајот како политички мотивиран прогон и рече дека Лаи „го користел своето право на слобода на изразување“.

„Законот за национална безбедност на Пекинг беше воведен на Хонг Конг за да се замолчат критичарите на Кина“, рече таа, пренесена од германската агенција.

„За 78-годишникот оваа казна е еднаква на доживотна казна затвор“, додаде таа.

„Останувам длабоко загрижена за здравјето на г-дин Лаи и повторно ги повикувам властите во Хонг Конг да го прекинат неговото ужасно искушение и да го ослободат од хуманитарни причини, за да може повторно да се спои со своето семејство.“

Британскиот премиер Кир Стармер за време на минатомесечната посета на Пекинг го покрена случајот на Лаи со кинескиот лидер Шји Џјингпинг, притоа објаснувајќи дека за ова прашае воделе „дискусија со почитување на ставовите“.

Купер рече дека посетата „отворила дискусија на највиско ниво, со кинеската Влада, за нашата најдлабока загриженост“ и дека владата „брзо ќе се ангажира понатаму во случајот“.

„Ние стоиме зад народот на Хонг Конг и секогаш ќе ги почитуваме историските обврски преземени според правно обврзувачката кинеско-британска заедничка декларација“, рече таа. „Кина мора да го стори истото“, додаде, пренесена од ДПА.

Лаи, кој го основа сега веќе згаснатиот весник „Епл дејли“, што ги критикуваше владите во Хонг Конг и Пекинг, беше уапсен во август 2020 година.

Неговиот адвокат Роберт Панг во јануари изрази загриженост за здравјето на Лаи, велејќи дека тој има проблеми со срцевите палпитации, висок крвен притисок и дијабетес, потсетува ДПА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Следно

Манасиевски: СЈО било инструмент за политички прогон, не за правда

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop