Шаќири: Им понудивме помош на турските студенти во државава кои доаѓаа од погодените подрачја од земјотресот

March 9, 2023
1 min read

Министерството за образование и наука и Владата ќе им помогнат на студентите од погодените подрачја од земјотресите во Турција кои студираат на универзитетите во нашата земја, со цел полесно да го надминат тешкиот период во кој се наоѓаат поради огромните човечки и материјални загуби во своите родни места. Веќе им понудивме привремено бесплатно сместување и исхрана во државните студентски домови, како и правна помош која воедно тие и самите ја побараа.

Ова го изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири при посетата на Меѓународниот балкански универзитет, каде во моментов студираат 100тина државјани на Република Турција.

– На моја иницијатива денес дојдов во посета на Меѓународниот балкански универзитет, да се сретнам со студентите кои доаѓаат од оваа држава, поточно од погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес минатиот месец. Многу од овие студенти загубија членови на своите семејства, ги загубија домовите, а некои загубија буквално сè и потребна им е поддршка. Дојдов да поразговарам со нив, да ги слушнам нивните потреби и секако да ги известам што ние како министерство можеме да понудиме, за да се ублажи ситуацијата во која се наоѓаат, рече Шаќири.

Според информациите кои министерот ги добил од студентите, тие најчесто имаат потреба од дополнителни финансии заради намалување на секојдневните трошоци кои, како што рече, нивната потпора во родните места, не е во можност да ги поддржи и покрие во моментот. Во таа насока, веднаш им е предложено бесплатно сместување и исхрана во државните студентски домови.

Шаќири потенцираше дека на студентите им е понудена и правна поддршка, согласно капацитетите на министерството, така што секој студент може да се обрати до МОН и да дојде во просториите на правната служба и да се консултира за тоа што е негов фокус.

– МОН ќе поднесе и иницијатива до Владата за обезбедување на еднократна парична поддршка за секој студент од погодените подрачја, но дополнително ќе ги известиме студентите и јавноста за одлуката, бидејќи за овие фискални импликации, се консултираат повеќе страни и институции, рече министерот.

Со Турција и турскиот народ, истакна министерот, остануваме пријатели и ќе продолжиме да си помагаме секогаш кога ќе има потреба, во добро и во вонредни состојби каква што е оваа, затоа што само така ќе ја ублажиме болката и ќе им помогнеме на оние најпогодените да излезат посилни од целата оваа ситуација.

Во државата има околу 200 турски студенти само во Скопје и во Штип, кои доаѓаат од погодените подрачја и дел од нив веќе побарале одредена помош од факултетите каде студираат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца рудари затрупани во рудник во Шпанија

Следно

МАФИЈАШКА ПРЕСТРЕЛКА НА БЕНЗИНСКА ВО БЕЛГРАД Убиен „Ескобар“, член на Никшичкиот клан

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop