Сезоната на пожари во Грција годинава била меѓу петте најтешки во последните 20 години

November 10, 2025
1 min read

Сезоната на пожари во 2025 година во Грција се вбројува меѓу петте најтешки во последните 20 години (2006 – 2025) и според површината на изгорените подрачја и според вкупниот број пожари, пишува во научната анализа на WWF Грција и пирометеоролошкиот тим Flame од Националната опсерваторија.

Анализата се фокусира на најзначајните пожари во периодот од мај до октомври годинава, на еколошките услови пред и за време на сезоната, како и на вкупниот отпечаток што го оставија шумските пожари.

-Вкупната изгорена површина е околу 47.800 хектари, случаите на картографирани пожари според Европскиот информациски систем за шумски пожари (EFFIS) бележат зголемување од 39 отсто, додека пак ако се земат предвид и помалите пожари што не се вклучени во податоците на EFFIS, вистинската изгорена површина надминува 50.000 хектари, пишува во извештајот.

Според анализата, биле регистрирани 75 пожари, за 87 отсто од вкупната изгорена површина „одговорни“ се 18 пожари, а биле зафатени и 16 заштитени области од кои осум се од мрежата Натура 2000 со вкупна површина од околу 11.670 хектари.

Во пожарите бил регистриран и еден загинат, над 60 повредени, како и уништени многу домови и клучна инфраструктура.

Во однос на предлозите за подобрување на справувањето со пожарите следната година од WWF Грција и пирометеоролошкиот тим Flame посочуваат дека сезоната на пожари во 2025 година „ја потврдува потребата од преиспитување на начинот на управување со шумските пожари во земјата, со акцент на превенција, транспарентност во однос на причините, како и научно засновано донесување одлуки“.

-Сепак, за време на оваа сезона се забележаа и неколку позитивни работи. Најзначајните се однесуваат на видливото подобрување во начинот на кој се истражуваат причините за големи пожари, со највисока стапка на апсења во однос на бројот на случаи во последната деценија, како и значителен напредок во користењето на сателитски податоци. Дополнително, се препознава ефикасниот почетен одговор на механизмот за гаснење шумски пожари во повеќето случаи и ефикасното дејствување на копнените сили во текот на ноќта, со пешадиски тимови, пишува во извештајот. /МИА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полициска акција во Бразил: Убиени повеќе од 100 членови на банда

Следно

Алиу: Ќе се интензивираат процесите на дигитализација и во сегментот на фармацевтските услуги

Latest from Blog

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум

Николоски: Планираме девет нови воза и пет електрични локомотиви во следните две до три години

Преку ИПА 3 програма на ЕУ планираме да ја реконструираме, надградиме и електрифицираме пругата од Велес до Битола, истакна во емисијата “Само Интервју” на ТВ Канал 5, заменик претседателот на Владaта и

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина

Костовски продолжува со трансформацијата на населбата Скопје Север, целосна реконструкција на улицата „Костурска“.

Општина Бутел започна со целосна реконструкција на двата паркинга во населбата Скопје Север. Проектот има за цел подобрување на условите за паркирање и уредување на јавните површини за жителите. Градоначалникот на Општина
Go toTop