Северна Кореја предупреди дека се на „прагот на нуклеарен конфликт“

July 10, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Северна Кореја денес предупреди на она што го нарече „праг на нуклеарен конфликт“ поради провокативната воена акција на САД, јавува Анадолу.

Реагирајќи на извештаите дека САД планираат да пратат стратегиска нуклеарна подморница во Јужна Кореја, Пјонгјанг тоа го нарече „провокативна воена акција“ и рече дека „јасно докажува дека ситуацијата на Корејскиот Полуостров се приближува до прагот на нуклеарен конфликт“.

„Ова е многу опасна ситуација бидејќи ќе ја доведе регионалната воена тензија до покритична состојба и може да ја доведе најтешката криза од нуклеарен конфликт во практика“, се вели во изјавата на севернокорејското Министерство за одбрана за државната новинска агенција „КЦНА“.

Тоа значи дека американското стратегиско нуклеарно оружје ќе се појави на Корејскиот Полуостров првпат од 1981 година, обвинувајќи го Вашингтон за „најнескриена нуклеарна уцена на Пјонгјанг“, се вели во соопштението.

Минатата недела Кина соопшти дека военото одвраќање и притисокот врз Корејскиот Полуостров само ќе го отвори патот кон „безбедносна замка на тензии и антагонизам“.

Нарекувајќи го тоа „тешка закана и предизвик за регионалниот и глобалниот мир и безбедност“, Пјонгјанг соопшти: „Сите факти најјасно покажуваат кој врши провокација и кој се воздржува, кој се заканува и кој е загрозен на Корејскиот Полуостров.“

„Дали екстремната ситуација, која никој не ја посакува, ќе биде создадена или не на Корејскиот Полуостров зависи од идната акција на САД и доколку се случи ненадејна ситуација во иднина, САД целосно ќе одговараат за тоа“, предупреди Пјонгјанг.

Се вели дека распоредувањето стратегиски средства од страна на САД „никогаш нема да доведе до унапредување на безбедноста, туку ќе стане катастрофа што ќе донесе поболна и загрижувачка безбедносна криза што тие самите не ја сакаат“.

Пјонгјанг ги обвини САД дека се „пожестоки во нивната воена шпионажа против суверенитетот“ на Северна Кореја.

„Неодамна САД спроведоа непријателски шпионски активности на Корејскиот Полуостров и неговата околина на невидено ниво, со интензивно мобилизирање на различни средства за воздушно извидување, распоредени во оперативната област Азија-Пацифик“

Во соопштението се вели дека Северна Кореја „ја анализира вистинската намера на САД намерно да вршат таква непромислена воена акција… додека го следи секој провокативен потег“.

„Сега го одржуваме нашето максимално трпение и самоконтрола, но сè има своја граница. Сегашноста е време кога САД се блиску до критичната точка за загриженост“, се вели во извештајот.

Повикувајќи ги САД веднаш да „престанат“ со сите „провокативни потези“, Пјонгјанг рече: „Праќаме сериозно предупредување до сите опасни и провокативни воени дејства на САД што стануваат сè понескриени.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се справивме со мафијашките структури, ќе работиме 24 часа да го исчистиме Скопје, вели Мазнева

Следно

Ердоган: Шведска може да влезе во НАТО, но само доколку Турција започне преговори за влез во Европската унија

Latest from Blog

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка

Божиновска на енергетска средба во Солун со американската амбасадорка Гилфојл

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите

Толку и од француското „ЗА“ Инфантино

Според медиумите во Франција, на утрешната седница на управниот одбор на Фудбалскито сојуз и официјално ќе биде повлечена поддршката за нов мандат на актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино. „По состанокот на

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември, изјави портпаролот на владата, додавајќи дека не е
Go toTop