Северна Кореја: Посетата на Блинкен на Кина е срамно просјачко патување на провокатор

June 21, 2023
1 min read

Во коментар пренесен од севернокорејската новинска агенција КЦНА, Јонг Јонг Хак, кој е наведен како аналитичар за меѓународни односи, рече дека целта на посетата на Блинкен била „да се моли за смирување на тензиите“

Северна Кореја во средата ја критикуваше неодамнешната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Пекинг како „патување на просјак“ за намалување на тензиите, велејќи дека тоа е показател за неуспехот на политиката на притисок врз Кина. Блинкен во понеделникот се сретна со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, а целта на неговата исклучително важна посета на Пекинг беше да ги намали тензиите и да обезбеди бројните спорови меѓу суперсилите да не прераснат во конфликт, потсетува Ројтерс.

Блинкен, првиот американски државен секретар што се сретна со кинески лидер од 2018 година, по состанокот рече дека ја повикал Кина да ја повика Северна Кореја да го прекине лансирањето на проектили бидејќи Пекинг е во „уникатна позиција“ да изврши притисок врз Пјонгјанг да се вклучи во дијалог.

Во коментар пренесен од севернокорејската новинска агенција КЦНА, Јонг Јонг Хак, кој е наведен како аналитичар за меѓународни односи, рече дека целта на посетата на Блинкен била „да се моли за смирување на тензиите“, бидејќи „обидот да се изврши притисок и да се задржи Кина може да стане бумеранг што би бил смртоносен удар за американската економија“.

„Неодамнешното патување на американскиот државен секретар не може да се оцени поинаку освен како срамно просјачко патување на провокатор кој го признава неуспехот на политиката на притисок врз Кина“,

се вели во коментарот.

Оценето е дека САД се одговорни за ескалацијата на регионалните тензии со „антикинески комплекси“, преку групата КВАД, во која се и Јапонија, Индија и Австралија, како и пактот АУКУС, кој заедно со САД , се состои од Австралија и Велика Британија.

„Врвот на двојната игра и дрскоста карактеристични за САД е прво да провоцираат, а потоа да зборуваат за таканаречената одговорна контрола над разликите во мислењата“,

смета севернокорејскиот аналитичар.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден го нарече кинескиот претседател диктатор

Следно

Први знаци на надеж во потрагата по исчезната подморница: Канадски авион детектирал подводни звуци

Latest from Blog

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,

Рекордна посетеност на Собранието во 2025

Собранието и во 2025 година ги отвори своите врати за организирани посети и едукативни тури и продолжи да им овозможува на граѓаните одблизу да се запознаат со просториите и работата на законодавниот

Македонско друштво ‘Илинден’-Тирана ги додели наградите и благодарниците ‘Илинден’ за 2026 година

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу
Go toTop