Северна Кореја ја опрема војската со нови фрлачи на ракети со калибар од 240 милиметри

May 11, 2024
1 min read

СЕУЛ (АА) – Северна Кореја наскоро ќе ја опреми својата војска со нов повеќецевен фрлач на ракети со калибар од 240 милиметри, пренесува Анадолу.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше пробното истрелување на технички ажурирана верзија на ракетниот систем, објави Корејската централна новинска агенција (КЦНА).

Истиот извор јави дека ажурираниот ракетен фрлач ќе биде во инвентарот на Корејската народна армија како заменска опрема од 2024 до 2026 година.

КЦНА јави и дека Ким разговарал за начините за значително зголемување на производството на новиот систем и унапредување на борбените способности на војската.

Меѓукорејските односи се на една од најниските точки во последните неколку години. Јужна Кореја и нејзиниот сојузник САД ја обвинуваат Северна Кореја дека ѝ испраќа воена опрема на Русија за нејзините потреби во војната во Украина.

Москва и Пјонгјанг ги зајакнаа врските во последните месеци, а Ким минатата година престојуваше во официјална посета на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбележување на Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Следно

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop