Сервисот на Агенција Анадолу на албански јазик ја одбележува деветгодишнината

October 1, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Сервисот на Агенција Анадолу (AA) на албански јазик денеска ја одбележува деветтата годишнина од почетокот на објавувањето вести на албански јазик.

Пред девет години, на 1 октомври 2014 година, АА почна да објавува вести на албански јазик, додека на 9 ноември 2015 година го отвори своето седиште во Скопје, од каде што работи заедно со Сервисот на АА на македонски јазик.

Во текот на овие години со објавувањето вести на албански јазик од сите страни на светот, проследени со фото и видеосодржини, сервисот на Анадолу на албански јазик постигна активна димензија и е близок до читателите од овој регион и пошироко.

Со своето присуство во регионот, во текот на своето деветгодишно постоење, сервисот на Анадолу на албански јазик брои над 152.000 објавени вести, со над 57.000 фотогалерии и над 33.000 видеоматеријали.

Агенција Анадолу ги објавува своите содржини на турски, англиски, арапски, француски, босански/хрватски/српски/црногорски (БХСЦ), руски, сорани и курманџи, на албански, македонски, персиски, индонезиски и шпански јазик.

Потсетуваме, Анадолу е една од десетте најголеми агенции на светската ранг-листа, која секој ден на сите јазици достигнува близу 3 илјади објави на вести, фотографии и видеа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БЕСА нема да гласа за уставни измени: Прво формулација албански јазик наместо 20 отсто, па потоа

Следно

ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари – активни се уште шест

Latest from Blog

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Кинеската компанија и сопственик на платформата ТикТок – „БајтДенс“ (ByteDance) објави дека ќе ја предаде контролата на американскиот дел на група инвеститори од САД, со цел да избегне забрана за користење во

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

АМСМ информира дека од 14.50 часот сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е блокиран поради јавен собир. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла 30-50

Ѓорѓиевски почна голема акција: Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно

Проданоски: Традицијата на Св. Никола е темел на духовноста во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Свети Николај Чудотворец – патрон и заштитник на градот, истакнувајќи дека овој ден има особено значење за сите прилепчани. Тој

Ким Кардашијан има 50 елки во вилата: „Изгледа како магацин“

45-годишната ријалити ѕвезда сподели видео од импресивната глетка на својот Инстаграм. Огромните елки, покриени со вештачки снег и украсени со илјадници бели светла, го исполнија пространиот влез и дневната соба. „Ова е
Go toTop