Серијата на Нетфликс за Александар Македонски предизвикува низа контроверзии

February 20, 2024
1 min read

Грчката министерка за култура Лина Мендони ја критикуваше новата серија на Нетфликс за Александар Македонски. Таа ја опиша продукцијата како содржина со „исклучително слаб квалитет“, и „исполнета со историски неточности“, со што наиде на согласност со тие оценки од повеќе страни.

Делот од „Александар: Создавањето на еден бог“ којшто предизвика најмногу негативни реакции е наводната, историски недокажана „романтична врска“ меѓу Александар Македонски и неговиот доверлив пријател Хефејстион. Според наводите, тоа е „искривување на вистината“, за што беше остро критикуван и филмот „Александар“ на Оливер Стоун од 2004 година, пренесува „Гардијан“.

-Изворите не посочуваат дека тие (односи меѓу Александар и Хефејстион, з.п.) ги надминуваат границите на пријателството, изјави министерката.

Прашана, дали Владата ќе преземе мерки против Нетфликс, Мендони посочи дека таков чекор би бил противуставен.

-Уставот на Грција ја штити слободата на уметноста од почетокот на 19. век. Министерството за култура не врши цензура, не врши дејствија што водат кон кривично гонење или забрана, не манипулира, не ограничува, не го контролира ширењето информации и идеи ниту превентивно, ниту репресивно, додаде Мендони.

Инаку, повеќе истражувачи се согласуваат оти древните извори не посочуваат дека Александар Македонски и неговиот близок пријател Хефејстион биле „љубовници“. Меѓу таквите историчари и познавачи се: Франциско Бринес, Сузана Каваљо, Томас Р. Мартин и Мерилин Б. Скинер.   (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ ќе ја брендира Прва женска лига

Следно

Тело на мртов маж најдено под Железниот мост во Велес

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop