Серија настани по повод роденденот на Мирко Попов

October 15, 2024
2 mins read

Денека е 15 октомври. Роденден на Мирко Попов. Еден од најплодните македонски автори, кој во својот креативен и творечки пат од 30 години остави значително музичко творештво и простор за поддршка и промоција на работата на неколку генерации македонски музички творци.

Во негова чест, онлајн продавницата Mitra.mk, чиј голем поддржувач беше и Попов ќе го одбележи неговиот роденден со специјални музички миксови достапни за сите, кои ги направија неговите најблиски другари, соработници и диџеи. Миксовите ги рефлектираат креативизмот и страста кон музиката, кои беа нераскинлив дел од Попов.

Музички миксови направија: Дарко Јорданов, Виолета Качакова, Александар Гавровски, Божидар Видоевски, Илина Ангеловска, Нино Наумов, Божидар Јовановиќ Боле, Далибор Таневски – Дади, Дарко Марковски, Александар Малевски, Зоран Ристевски Зоки – Бејбе, Оги Узун, Нино Флудер, Роботек и Теа Шалдева.

(https://www.mitra.mk/%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%84%d0%b5%d1%81%d1%82-5-%d0%bc%d1%83%d0%b7%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%bb-%d0%b2%d0%be-%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%ba%d0%be/)

Одбележувањето на неговиот роденден продолжува на 18 октомври во барот „МАККА“ и ноќниот клуб „Епицентар“, со целовечерна музичка програма, која ќе се случи под името „PMG si Ti”, како цитат од песната „Право“ на ПМГ Колектив и обединувачки глас на прогресивната и еманципирана мисла и културно движење. Вечерата ќе се исполни со музика и диџеј настапи на: Александар Гавровски, Дарко Јорданов, Нино Наумов, Виолета Качакова, Андреја Салпе, Илина Ангеловска и Божидар Видоески.

Професионалниот опус на Попов опфаќа континуирана работа како автор (композитор и продуцент на музика, текстописец, сценарист и поет), издавач на македонска музика, диџеј, радио водител и уредник, музички критичар и колумнист.

Визијата за подобар град и земја која го негува современиот израз во македонската музичка култура го дефинира неговиот професионален ангажман. Уште од раните 90-ти преку создавање на ПМГ (прогресивна мултимедијална група) како водечка авангардна сила на скопските улици, иницира широк спектар акции во полето на музиката и урбаната култура. Крајот на 90-те го бележи со формирањето на дискографската куќа ПМГ Рекордингс со над 300 изданија на современа македонска музика. Отворена за различни жанрови на автентичен и квалитетен израз од домашни автори, издаваштвото се развива и преку под-лејбловите ПМГЏез, ПМГ Танц Дигитал, Con:Tempo и Мкаедониде.

Како простор за презентација на оваа култура тој иницира и организира бројни музички програми, фестивали и редовни концерти на музичарите чија музика ја издава. Освен промоција на домашната музика во рамки ја овие настани во домашен контекст презентира и дел од светската електронска, рок и џез сцена. Меѓу нив веди да се споменат: Првиот фестивал на електронска музика кај нас TRIBAL GATHERING (1996), СЛОБОДНО СКОПЈЕ ФЕСТИВАЛ (1999) – еден од најзначајните кросовер настани кај нас, 14 изданија на ПМГ Рекордингс Фестивал, како и фестивалите произлезени од соработката со останати дејци на сцената: 12 изданија на Земјотрес – фестивалот на свежа домашна музика и 5 изданија на Крај Вардарот Џез фестивал.

Неговата пасија за винилни го води во нов предизвик да издава македонска музика на овој се уште најценет носач на звук. Од 2017 до 2024 за ПМГ Рекордингс издава 13 винилни на  македонска музика.

Како музички автор и изведувач активно твори и настапува во своите бендови: ПМГ Колектив, Кантон 6 и Македони кру, како и со својот соло проект Мирко Попов квартет. Вкупно 17 албуми, едно издание на најголемите хитови на ПМГ Колектив, бројни е.п и синглови, како и еден албумот соработка со Сетстат и Никола Коџобашија.

Како писател е потпишан на изданијата „Монографија: 20 Години те сакам“ и книгата за деца „Розевата планета“. Автор е на музика за театар и филм. Режисер и продуцент на музички видео записи, меѓу кои и музички филм „До небото замок“.

Две децении работи како водител на бројни емисии на Канал 103, и дел од уредничката структура. Значењето на ова радио го документира во филмот „103 Љубовно писмо до алтернативната култура” (2012), во кој се јавува како сценарист, продуцент, наратор и селектори на музика.

Неговиот придонес во македонската култура ќе остане трајно запишан и вреден, а неговата работа и креиран простор продолжува да се цени и развива преку делувањето на најблиските соработници.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над Скопје поминува комета последен пат видена пред 80.000 години

Следно

Османи: Колку сакаат нека зборуваат дека Албанците ги оштетиле македонските интереси! Ја дефокусирав дебатата во Бугарија за јазикот и идентитетот и ја доведов до 3500 Бугари тука!

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop