СЕНИДАХ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Концертот го закажа на 14 февруари!

November 21, 2025
1 min read

Регионалната музичка икона Сенидах
го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026
година
, во
СЦ
„Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах
ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската
престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува
стандардите на регионалните live настапи.

Својата кариера ја гради
храбро, гласно и без компромиси. Денес е препозна
тлива по специфичниот вокал, неповторливиот
музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанрови
те, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B,
трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е
единствен во регионот и препознатлив глобално.

Од соработки со уметници
како Дино Мерлин,
Цоби,
Џала Брат и Буба
Корели,
Раф Камора,
до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради
статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена.
Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината,
бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и
понатаму доминираат на топ-листите.

Организацијата ја
потпишува
SKYMUSIC, а
публиката во Скопје ја очекува продукција на светско ниво – моќен звук, силна
визуелна режија и сценски дизајн што го следи секој ритам и емоција на
нејзиниот автентичен израз.
Тоа ќе
биде концерт кој ја потврдува Сенидах како една од најхрабрите и најдоследни
авторки на денешната регионална музика.

Влезниците за концертот на Сенидах почнувајќи
од денес
се достапни
преку бесплатната апликација eFinity и преку
платформата Wayin.mk.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

Следно

Проданоски со поддршка за работниците на „Комуналец“

Latest from Blog

Трамп се закани: Ги уништивме големите ирански бродови, а сега се на ред малите доколку се приближат до блокадата

„Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена – 158 бродови. Она што не го погодивме беа нивните помали бродови, кои тие ги нарекуваат „брзи бродови за напад“, бидејќи не ги

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал

УЕФА денеска ги објави судиите за реванш натпреварите во четвртиналето од Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ. Негови помошници ќе бидат Томаж
Go toTop