Семејствата на жртвите од авионската несреќа на летот MH370 покренаа судска постапка во Кина

November 27, 2023
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Семејствата и роднините на жртвите што загинаа во исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370 денес покренаа судска постапка во Кина, известува Анадолу.

Судот во округот Чаојанг во Пекинг е надлежен за случајот што го покренаа роднините на повеќе од 40 жртви во смртоносната авионска несреќа што се случи во 2014 година.

Судската постапка што ја покренаа роднините на повеќе од 40 жртви ќе се одржи во окружниот суд во Чаојанг во Пекинг, главниот град на Кина, до 6 декември, објави дневниот весник „Глобал тајмс“.

Авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370 на релацијата Куала Лумпур – Пекинг, исчезна од радарите на 8 март 2014 година со 227 патници и 12 члена на екипажот. Во потрагата беа вклучени голем број земји, но авионот не беше пронајден.

Потрагата беше затворена на почетокот на 2017 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Следно

„Би било добро жена да биде технички премиер“, вели Груби

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop