Семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани денеска оддржуваат нов протест

May 17, 2025
1 min read

Со транспаренти барајќи правда за трагедијата и фотографии на загинатите носејќи ги на гради во првите редови на колоната, започна протестниот марш во Кочани. Маршот на Ангелите организиран по 6ти пат движејќи се низ центарот на градот – од минута на минута добиваше на масовност 

Се приклучија голем број граѓани од Кочани и земјава, а поддршка доби и од Иницијатива „Кој е следен“. Започна и заврши мирно со минутно молчење пред институциите – од каде се бараше одговорност за трагедијата. 

„Системот ги уби институциите молчат“. „Голема неблагодарност за политичарите за денешната поддршка“, „Пожарот ги зеде телата системот ги уби душите“, беа само дел од пораките од денешниот протестен марш. Во Кочани ништо повеќе не е исто. Мртов град со по некоја новост но трагична. Нов некролог и лица во инвалидска количка и помагала како последица од трагедијата, велат граѓаните. 

Протестниот марш заврши, но во чест за загинатите вработени во дискотеката Пулс низ центарот на градот се оддржа и трка на келнери. Повеќе  момчиња и девојчира во црни маички со ликовите на жртвите хуманитарната трка ја оддржаа покрај кејот на реката.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дејан Георгиевски ќе се бори на еден од најсилните турнири во светот на олимписко таеквондо

Следно

Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски в понеделник

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop