Секој клуб од ПМФЛ ќе добие по 150.000 евра од солидарната шема на УЕФА

March 25, 2025
1 min read

На денешната седница на Управниот одбор на нашето највисоко фудбалско тело (ФФМ) беше донесена одлука и секој клуб од Прва македонска фудбалска лига ПМФЛ да добие по 150.916,00 евра од солидарна шема.

Управниот одбор на федерацијата донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.

Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Првата лига кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачката сезона (програма за развој и минимум правни информации).

Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.

Управниот одбор денес за нов генерален секретар го назначи Леонид Јандреоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелски воздушен напад врз Газа погодена станбена зона

Следно

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop