Сеќавање на Ненад Стојановски, една од најмаркатните фигури на македонскиот театар и глумиште

July 14, 2025
1 min read

На денешен ден, на 14 јули 1998 година, почина Ненад Стојановски, една од најмаркатните фигури на македонскиот театар и глумиште. Тоа беше денот кога тој стана бесмртен.

За Ненад Стојановски се вели дека ако има нешто над врвот, тој таму се искачи. Беше величествен на сцената, моќен пред камерата, и секогаш миленик на публиката.

Неговата кариера започнува уште како дете со членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“.

По завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапуваше на сцената на Драмскиот театар – Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени, како и во претстави на Драмата на Македонскиот народен театар.

Беше секогаш поканет да учеествува во проекти на големите театарски фестивали Дубровничките и Сплитските летни игри во меѓународни проекти.

Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во 1985 година беше прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.

Останува запаметен по улогите на Учителот од „Јуначко колено“, Андреја во „Диво месо“, Михајло во „Лет во место“, Крсто Шприцер во „Грев или шприцер“, библиотекарот во Бушава азбука, како Гоце Делчев во „Трговецот од Солун“ и во уште многу други театарски и телевизиски проекти.

Беше сопруг на Силвија Стојановска и татко на Ана и Јана – новата генерација актерки кои гордо го носат неговото наследство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активно гори на 5 локации во Македонија

Следно

Најмалку 15 Палестинци се убиени, повеќемина повредени во израелските напади низ Појасот Газа

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop