Сега излезе дека со загадување сме ја ладеле планетава

July 2, 2024
1 min read

Уште важи тоа дека Земјата е загреана за речиси 1,2 степени Целзиусови од времето пред индустриската револуција и дека сме на пат да го кренеме затоплувањето над 1,5 степени Целзиусови.

„Меѓутоа малкумина знаат дека согорувањето фосилни горива не само што предизвикува глобално затоплување, туку и глобално ладење. Една од најголемите иронии на климатските промени е дека загадувањето на воздухот, кое уби десетици милиони луѓе, исто така спречи некои од најлошите ефекти на затоплувањето на планетата.

Малите честички од согорувањето јаглен, нафта и бензин ги одбиваат сончевите зраци и предизвикуваат создавање на облаци, на тој начин заштитувајќи ја планетата од сончевите зраци. Од 1980-те, овие честички неутрализираа меѓу 40 и 80 проценти од загревањето предизвикано од стакленичните гасови,“ пишува Вашингтон пост.

Како што човештвото фати да работи на тоа да е позелено, така бледее и ефектот на ладење, заради што температурите стануваат уште потопли.

„Тргнуваме од област на длабока, длабока несигурност.

Би можело цел степен на ладење да е маскиран,“ објаснува климатскиот истражувач Зик Хаусфатер.

Најголемиот дел од ладењето е последица на загадувањето од сулфурни аеросоли. Прво овие честички ги одбиваат сончевите зраци и ја заштитуваат Земјата, и второ постојните облаци ги прават посветли и послични на огледало и на тој начин ја ладат земјата.

Јагленот и нафтата се 1 до 2 проценти сулфур и кога тие се согоруваат сулфурот се шири низ атмосферата. Се работи за состојка која е поврзана со респираторни проблеми и други хронични болести, а на загадувањето на воздухот отпаѓаат 1 од 10 смртни случаи низ светот.

Изминативе децении САД, ЕУ, Кина и Индија активно работат на укинување и намалување на користењето на овие состојки, кои сега се и до 70% помалку застапени отколку во 2005. Освен држави, и големи глобални организации како Меѓународната организација за поморски транспорт нареди рестрикција на сулфурот дозволен во бродското гориво, кое е едно од највалканите горива што се користи во превозот. По ова загадувањето со сулфур диоксид од бродскиот транспорт веднаш падна за околу 80%.

„Овие одлуки спасија животи – според процени избегнати се околу 200.000 предвремени смртни случаи само во Кина. Меѓутоа тие исто така ги кренаа и глобалните температури. Научниците проценуваат дека промените во аеросолите од новите правила за бродови би можеле да придонесат со 0,05 до 0,2 степени Целзиусови затоплување во следните неколку децении.

Дел од истражувачите сметаат дека промените во правилата за бродското гориво на големо придонесуваат за минатогодишната рекордна горештина и дека аеросолите маскирале многу повеќе температури отколку што претходно се мислело,“ пишува Пост.

Научници од Универзитетот во Мериленд тврдат дека падот на нивото на аеросоли би можел да ја дуплира стапката на загревање во 2020-те, споредено со стапката од 1980. Ова пак е оспорено од друг научници, според кои ќе има зголемување на температурата, ама ни приближно толку обемно.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Самарас го повика Мицотакис да подготви повлекување од „национално опасниот Договор од Преспа“

Следно

Мбапе ќе носи маска до крајот на ЕУРО 2024

Latest from Blog

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што
Go toTop