СЕДУМ ОСКАРИ ЗА „ОПЕНХАЈМЕР“, ЕМА СТОУН ЈА СПРЕЧИ ИСТОРИСКАТА ПОБЕДА НА ЛИЛИ ГЛЕДСТОУН

March 11, 2024
1 min read

„Опенхајмер“ очекувано доминираше на 96. доделување Оскари, победувајќи во седум од 13-те категории во кои што беше номиниран, меѓу кои и за најдобар филм и режија. Вечерта во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, сепак, не помина без изненадувања.

Иако важеа за рамноправни конкурентки за најдобра актерка, многумина посакуваа Лили Гледстоун да стане првата актерка со домородно потекло која освоила Оскар, но тој на крајот ѝ припадна на Ема Стоун за „Кутрите“. Комичната драма на Јоргос Лантимос однесе вкупно четири статуетки.

Кристофер Нолан конечно ги освои првите Оскари откако неговото епско дело за „таткото на атомската бомба“ беше прогласено за најдобар филм, а тој за најдобар режисер. Ѕвездата на филмот Килијан Марфи доби Оскар за најдобар актер, а Роберт Дауни Џуниор за најдобра машка споредна улога.

„Малку сум преплавен со емоции. Сакам да им ја посветам оваа награда на сите миротворци во светот“, изјави Марфи.

Дауни, кој претходно имаше две номинации, за наградата им се заблагодари „на своето ужасно детство и на Академијата“.

„Токму по тој редослед. Ми требаше оваа работа повеќе одошта јас ѝ требав на неа“, додаде Дауни.

Ема Стоун го освои вториот Оскар за најдобра актерка во кариерата (Фото: АП)

„Опенхајмер“ беше награден и за монтажа, камера и оригинална музика, додека „Кутрите“ славеше и во категориите сценографија, костимографија и шминка и фризура.

Давајн Џеј Рендолф очекувано освои Оскар за најдобра женска споредна улога за „Останатите“.

„Зоната на интерес“ доби два Оскара, за најдобар странски филм и за најдобар звук, додека наградите за сценарио им припаднаа на „Анатомија на падот“ (оригинално) и на „Американска приказна“ (адаптирано).

Големиот ривал на „Опенхајмер“ во кината, „Барби“, доби Оскар само за најдобра песна, што го прими Били Ајлиш, а легендарниот јапонски режисер Хајао Јамазаки го освои својот втор Оскар по 21 година пауза, откако неговиот анимиран филм „Момчето и чапјата“ го победи фаворизираниот „Спајдермен: Ширум пајак-вселената“.

По дури осум номинации, култниот американски филмаџија Вес Андерсон го дочека својот прв Оскар, за краткиот игран филм „Прекрасната приказна на Хенри Шугар“.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата до Украина: Соберете храброст за бело знаме

Следно

Шпански „Ас“ тврди: Македонецот Димитриевски веќе има потпишано за Валенсија!

Latest from Blog

Општина Битола обезбеди 300.000 денари за субвенции за возачки испит

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската
Go toTop