СЕДУМ ОСКАРИ ЗА „ОПЕНХАЈМЕР“, ЕМА СТОУН ЈА СПРЕЧИ ИСТОРИСКАТА ПОБЕДА НА ЛИЛИ ГЛЕДСТОУН

March 11, 2024
1 min read

Опенхајмер“ очекувано доминираше на 96. доделување Оскари, победувајќи во седум од 13-те категории во кои што беше номиниран, меѓу кои и за најдобар филм и режија. Вечерта во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, сепак, не помина без изненадувања.

Иако важеа за рамноправни конкурентки за најдобра актерка, многумина посакуваа Лили Гледстоун да стане првата актерка со домородно потекло која освоила Оскар, но тој на крајот ѝ припадна на Ема Стоун за „Кутрите“. Комичната драма на Јоргос Лантимос однесе вкупно четири статуетки.

Кристофер Нолан конечно ги освои првите Оскари откако неговото епско дело за „таткото на атомската бомба“ беше прогласено за најдобар филм, а тој за најдобар режисер. Ѕвездата на филмот Килијан Марфи доби Оскар за најдобар актер, а Роберт Дауни Џуниор за најдобра машка споредна улога.

Малку сум преплавен со емоции. Сакам да им ја посветам оваа награда на сите миротворци во светот“, изјави Марфи.

Дауни, кој претходно имаше две номинации, за наградата им се заблагодари „на своето ужасно детство и на Академијата“.

Токму по тој редослед. Ми требаше оваа работа повеќе одошта јас ѝ требав на неа“, додаде Дауни.

Ема Стоун го освои вториот Оскар за најдобра актерка во кариерата (Фото: АП)

Опенхајмер“ беше награден и за монтажа, камера и оригинална музика, додека „Кутрите“ славеше и во категориите сценографија, костимографија и шминка и фризура.

Давајн Џеј Рендолф очекувано освои Оскар за најдобра женска споредна улога за „Останатите“.

Зоната на интерес“ доби два Оскара, за најдобар странски филм и за најдобар звук, додека наградите за сценарио им припаднаа на „Анатомија на падот“ (оригинално) и на „Американска приказна“ (адаптирано).

Големиот ривал на „Опенхајмер“ во кината, „Барби“, доби Оскар само за најдобра песна, што го прими Били Ајлиш, а легендарниот јапонски режисер Хајао Јамазаки го освои својот втор Оскар по 21 година пауза, откако неговиот анимиран филм „Момчето и чапјата“ го победи фаворизираниот „Спајдермен: Ширум пајак-вселената“.

По дури осум номинации, култниот американски филмаџија Вес Андерсон го дочека својот прв Оскар, за краткиот игран филм „Прекрасната приказна на Хенри Шугар“.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Папата до Украина: Соберете храброст за бело знаме

Следно

Шпански „Ас“ тврди: Македонецот Димитриевски веќе има потпишано за Валенсија!

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop