Седницата на Европскиот парламент почна со едноминутно молчење за жртвите во масовните убиства во Србија

May 8, 2023
1 min read

Претседателката на Парламентот, Роберта Мецола, како што јавуваат српските медиуми, на почетокот на седницата упатила сочувство до семејствата и пријателите на загинатите, а на повредените им посакала брзо закрепнување

Денешната пленарна седница на Европскиот парламент (ЕП) почна со едноминутно молчење за жртвите од минатонеделните масовни убиства во Србија.

Претседателката на Парламентот, Роберта Мецола, како што јавуваат српските медиуми, на почетокот на седницата упатила сочувство до семејствата и пријателите на загинатите, а на повредените им посакала брзо закрепнување.

„Нашите мисли се со вас“,

рекла Мецола.

Илустративна фотографија од седница на Европскиот парламент

Минатата недела во Србија се случија две масовни убиства во кои загинаа вкупно 17 лица.

Првото убиство се случи на 3 мај кога 13-годишен ученик уби осум соученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Во нападот се повредени уште шест ученици и наставничка.

Еден ден подоцна, на 4 мај, се случи вториот масовен напад во кој 21-годишен напаѓач усмрти осум лица, а рани 14 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац.

Пратеникот во Европскиот парламент и известувач за Србија, Владимир Билчик, поднесе устен амандман на извештајот за Србија, во кој се осудуваат масовните убиства.

„Европскиот парламент е покрај народот на Србија во овие тешки моменти“,

објави Билчик на Твитер на 8 мај.

Расправата за извештајот на Билчик за Србија ќе се најде на дневен ред на Европскиот парламент во вторник, а гласањето е закажано за в среда, на 10 мај.

Инаку, делегацијата на Европската Унија во Србија ги одложи сите настани и кампањи по повод Денот на Европа, кој се одбележува на 9 мај. Наместо тоа, на тврдината Калемегдан ќе биде поставена цветна инсталација во чест на жртвите на убиствата и нивните семејства.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Промоција на новите изданија на Румена Бужаровска на Саемот на книгата

Следно

Сон жртва на расни навреди од навивачи на Кристал палас

Latest from Blog

Стентон Градба ја обнови јужната трибина на „Петар Милошевски“ – Битола доби современ фудбалски дом

Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување
Go toTop