Седница на Советот за човекови права на ОН на 11 мај посветена на Судан

May 5, 2023
1 min read

Судирите во Судан избија на 15 април меѓу суданската армија и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали

Советот за човекови права на ОН ќе одржи посебна седница на 11 мај за да ги испита кршењата на човековите права за време на конфликтот во Судан што избувна кон средината на април.

„Вонредниот состанок на главното тело на ОН за борба против кршењето на човековите права го свикаа вечерва претставниците на Велика Британија, Норвешка, САД и Германија“,

се наведува во соопштението и се додава дека ова барање било поддржано од 52 земји-членки на Советот на ОН.

Судирите во Судан избија на 15 април меѓу суданската армија и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали.

Земјата е втурната во хаос по избувнувањето на крвавата борба за власт меѓу началникот на армијата Абдел Фатах ал Бурхан и неговиот ривал Мохамед Хамдан Дагал, кој ги предводи паравоените сили за брза поддршка.

Според невладината организација АЦЛЕД, која се занимава со проценка на жртвите во конфликти, во тој конфликт загинале 700 луѓе, повеќе од 5 000 биле повредени, 335 000 се раселени, а 115 000 избегале од Судан.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) проценува дека 860 000 луѓе ќе побегнат од Судан.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Горан Пандев продаде 90% од акциите на ФК Академија Пандев

Следно

Реал Мадрид посакува уште еден фудбалер од Бундеслигата

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop