Седница на Советот на Град Скопје: Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси

August 29, 2024
1 min read

Советот на Град Скопје денеска треба да ја одржи седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси. 

Градоначалничката Данела Арсовска на 22 овој месец на координација со советничките групи го претстави планот за излез од кризата во градот Скопје недоволниот број автобуси поради што мораат да чекаат и по повеќе од половина час, а исто така имаше и коментари за хигиената во градот.  

Претседателот на Советот Трајко Славески на 22 овој месец по координацијата со Арсовска изјави дека овие програми ќе бидат поддржани од советниците, изразувајќи очекување дека од 1 септември јавниот превоз во градот ќе функционира, но не оптимално како што посакува.

– Нема закочени процеси во Советот за Град Скопје, ако станува збор за закочување тоа е една програма, која ја спомнав, да се дозволат нови 120 вработени во „Комунална хигиена“. Се разбира, ќе ги разгледаме и другите програми кои што не се донесени, рече Славески на новинарско прашање дали од 29 август ќе се откочат работите во Советот на градот.  

Претходно Арсовска имаше средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски, кој ја повика поради состојбите во главниот град. Мицкоски кажа дека доколку за една недела не почне да се  работи на решавање на проблемите во градот, ќе побара изземање на ингеренциите на некои јавни претпријатија. Подоцна тој сепак побара од советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат плановите на Град Скопје. 

Градоначалничката Арсовска за состојбите во градот ги обвини советните на ВМРО-ДПМНЕ кои не ги поддржувале нејзините предлози, особено во делот на автобускиот превоз. 

Претседателот на Советот Славески, пак, повтори дека до сега единствено не била изгласана Програмата за дополнителни активности за „Комунална хигиена“ за дополнително сезонско вработување на 120 работници. Тој, смета дека и со сегашната бројка ова ЈП би можело добро да функционира.

– Буџетот нема 8 милиони евра да го подмири долгот, создаден во претходните неколку години за бесплатниот превоз на студентиот, рече Славески и дополни дека постои расооложение тоа да се прави сукцесивно.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Роналдо си постави цел да постигне 1.000 голови во кариерата

Следно

Зеленски: Украинските сили зазедоа нови позиции во руската Курска област

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски во посета на општина Јегуновце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја Општина Јегуновце. Тој, во рамки на посетата, ќе изврши увид во градежни активности на градинка во населено место Вратница. Како што најави владината прес-служба, премиерот Мицкоски

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку
Go toTop