Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк нема да трае вечно како вашето судење

May 24, 2025
1 min read

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седми „Марш за ангелите“.

Учесниците на маршот ја поминаа вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, кратко запреа кај зградата на Општина Кочани и Полициската станица, а потоа стигнаа пред Основниот суд и Обвинителството.

Единствената јавна порака, испишана на хартија што се појави во средината на поворката беше „Системот убива – ние молчиме“, што го карактеризираше и денешниот протестен марш.

-Нашиот молк е гласот на оние што трагично заминаа во огнот. Молк што зборува повеќе од илјада зборови, ама нема да трае вечно како вашето судење, беше гласната порака што ја упатија родителите пред Судот во Кочани.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе одат во Обвинителството за да изложат свои забелешки и докази, родителите рекоа дека истражните органи сами треба да го прибираат доказниот материјал и досега не биле повикани, но ако некој им се јави подготвени се да дадат искази.

На протестниот марш имаше забелешка од дел од семејствата за присуството на претставници од политички партии, при што нагласија дека не сакаат никаква политичка позадина на нивните собири на кои само бараат неселективна правда за своите починати чеда.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИНСТАТ: Продолжува падот на бројот на население во Албанија

Следно

ЗЛАТНАТА ПАЛМА ВО КАН ЗА ТРИЛЕРОТ „ТОА БЕШЕ САМО НЕСРЕЌА“ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop