Се уште се бара најсоодветно решение за ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

January 27, 2025
1 min read

Министерството за образование и наука се уште е во процес на барање најсоодветно решение за момчето од ОУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа ги негираше наводите за изјави од родители на деца од ова училиште дека до училиштето стигнало писмо од МОН во коешто се вели дека третооделенецот ќе биде испишан и запишан во друга општина.

-Информацијата не е точна дека има такво писмо од МОН. Прашање дали детето е проблематично или системот е проблематичен, и системот не е спремен да се справи со проблемите кои се појавуваат во него. МОН постапува според закони и свои можности, иако ингеренциите на МОН во овој случај се најмали. Тука многу поголеми ингеренции имаат училиштето, општината, социјалните служби. Но, ние детето нема да го напуштиме и се уште сме во процес на барање на најсоодветно решение за момчето, рече министерката Јаневска на новинарско прашање.

МОН во декември лани, формираше интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 Октомври“ во општина Центар. Комисијата требаше да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

Третоодделенецот од чие однесување се жалеа родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, па одлуката беше повлечена, а ученикот требаше да се врати во матичното училиште „Лазо Ангеловски“.

Следеше повторно бојкот на наставта во ОУ во општина Аеродром. Проблемот времено беше надминат со донесување заклучок дека детето до крајот на првото полугодие ќе продолжи со онлајн настава, за да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мизрахи: Филипче побрза да се правда, но продолжи да тоне уште подлабоко

Следно

Емотивен момент: Палестинец ја прегрна мајка си по неколкумесечна разделба

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop