Се уште не е изготвен обдукцискиот наод за Вања – велат од Јавното обвинителство

December 10, 2023
1 min read

„Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до Обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат“, велат од Јавното обвинителство

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје апелира во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката.

„Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат“,

велат од Обвинителството.

Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста. Повикот од Обвинителството доаѓа откако викендов од медиуми во соседството беа пласирани наводно нови сознанија за случајот, кои беа пренесени во земјава.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 (Вања) и 24 ноември (Панчр), а потоа беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо чека да биде екстрадиран од Турција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за сите партии

Следно

Сè уште не е изготвен обдукцискиот наод за Вања – велат од Јавното обвинителство

Latest from Blog

Божиновска оствари низа средби со претставници од Шведска, Холандија и Marmara Group со фокус на зелена транзиција и инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари серија значајни средби со меѓународни партнери – претставници на Шведска, Холандија и Marmara Group, со цел унапредување на соработката во областа на

Божиновска бара шведска експертиза и холандски иновации за енергетскиот сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери од Шведска, Холандија и со претставници на Marmara Group, со фокус на унапредување на соработката, привлекување

Соработката со САД во фокусот на средбата на Николоски и Варнс

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс. На средбата се разговараше за реализирање на капиталните
Go toTop