Сè уште е тензично на северот на Косово – Вучиќ најави вонредно обраќање откако Курти ја обвини Србија за убиството на полицаецот

September 24, 2023
3 mins read

Во селото Бањска и понатаму се слушаат пукотници. Заменик-командирот на косовската полиција за северниот регион Ветон Ељшани за Коссев изјавил дека постојано се пука на сите страни и дека имаат работа со луѓе кои се тешко вооружани со блиндирани и оклопни возила

Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференција порача дека вооружената група луѓе кои утринава убија косовски полицаец и ранија уште еден се околу 30 на број и дека се опколени од косовската полиција и затоа им порача да се предадат. Тој објави и фотографии од лицата на кои се гледа дека имаат џипови и оклопни возила. За убиството, Курти го обвини официјален Белград, велејќи дека нападот е оркестриран од српската држава.

„Оваа ситуација не може да се толерира, тие дојдоа да се борат и да го дестабилизираат Косово, а ние се бориме против нив поради законот кој е наша одговорност. Мораме да го спроведеме законот, но најлесно и најбрзо би било да се предадат“,

рече Курти.

Фотографија од напаѓачите за кои се верува дека го убиле косовскиот полицаец утринава

Од српската канцеларија за Косово и Метохија соопштија дека прес-конференцијата која требаше да ја одржи директорот на канцеларијата, Петар Петковиќ, е одложена, бидејќи свое вонредно обраќање попладнево ќе има претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Оттаму кажаа дека Вучиќ ќе ги „разобличи сите лаги на Албин Курти“ кој воедно, како што велат, бил творецот на хаосот и пеколот за српскиот народ на Косово и Метохија.

Во меѓувреме, осуди за убиството доаѓаат од сите страни. Последни во низата фунцкионери кои го осудија настанот беа високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој побара виновниците да одговараат пред косовските закони.

Осуда пристигна и од специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот помеѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, кој според неофицијални информации се наоаѓа во Приштина.

Осуда пристигна и од македонскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, го осуди убиството на полицискиот службеник на северот на Косово и побара темелна истрага и гонење на сите одговорни за овој чин на насилство. Тој порача дека стабилноста и безбедноста на Косово нема да бидат нарушени од акти на насилство и истакна дека безбедноста на граѓаните е најважна.

Косовската полиција претходно објави првични информации за синоќешното убиство на наредник од косовската полиција на северот на земјата. Според кажаното, полициската патрола, во која биле тројца полицајци од Звечан, дошла до селото Бањско бидејќи добила пријава дека таму се поставени два камиона кои го блокираат мостот на влезот од селото. Во моментот кога полициското возило пристигнало на влезот на селото, кон полицајците бил отворен оган. Локалните мештани кажуваат дека константно се слушале пукања и детонации, а ситуацијата се смирила утринава во 7 часот.

Осуда за настанот пристигна од американскиот амбасадор на Косово, Џеф Ховениер, кој кажа дека овие сторители на оркестрирани и насилни напади врз косовската полиција мора да бидат изнесени пред лицето на правдата.

„Косовската полиција има целосна и легитимна одговорност за спроведување на владеењето на правото на Косово. Сторителите мораат да бидат и ќе бидат повикани на одговорност и изведени пред лицето на правдата“,

напиша Ховениер.

Во меѓувреме, Рашко-призренската епархија преку соопштение изјави дека група вооружени и маскирани лица со блиндирано возило влегле во манастирот во селото Бањска, каде што утринава беше убиен припадник на косовската полиција, пренесуваат РТС и Н1.

Непознатите лица го скршиле катанецот од заклучената капија, а во самата внатрешност на манастирот се наоѓаат верници од Нови Сад, како и свештеникот, игуменот Данило и браќата во манастирот, се вели во соопштението на Рашко-призренската епархија.

„Поради безбедност, браќата од манастирот и верниците се заклучија во конаците, а заклучен е и храмот на манастирот. Вооружените лица се движат во дворот на манастирот и повремено се слуша пукање“,

се вели во соопштението.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Проектот „ЛАРТА“ на тапанарот Дино Милосављевиќ ќе биде претставен во Истанбул

Следно

Нов протест пред Влада за случајот „Онкологија“

Latest from Blog

Агенцијата на ОН за палестински бегалци: Газа се соочува со најинтензивно бомбардирање од Втората светска војна

ИСТАНБУЛ (АА) – Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека Газа се соочува со најинтензивно бомбардирање на цивили од Втората светска војна, јавува Анадолу. По повод одбележувањето на Меѓународниот

Тошковски: Жестоко и сурово ќе одговориме на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија

Сакам да упатам порака со сите оние кои што се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, жестоко и сурово ќе одговориме на било какви обиди. Впрочем, тоа

Мицкоски: Осуда за сквернавењето на македонското знаме, ќе одговориме најжестоко на секој обид за дестабилизација

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска зборуваше за вчерашниот инцидент каде што во главниот град се сквернавеше македонското знаме, на денот на прослава на албанското знаме. „Најостро го осудувам, сепак претставува чин на агресија,

Панче Тошкоски: Жестоко и сурово ќе одговориме на вакви дејствија што подгреваат меѓуетнички тензии

„Има најави и обиди кои ќе подгоруваат меѓунационална нетрпеливост, како што веќе сме најавиле и ова е доказ дека тоа се случува, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски по вчерашниот настан

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот Бизнис Муабети. -Пошта
Go toTop