„Се сретнале на Јахорина, тој од Скопје, таа од Москва“: „Компас бенд“ сними песна според вистинска љубовна приказна

February 13, 2024
1 min read

За нив велат дека се „мајстори“ на занаетот, едни од најдобрите во нашата земја кога се во прашање живите настапи, а најдобар доказ за тоа е нивната многубројна публика секаде каде настапуваат…

„Компас бенд“, музички бренд кој со години успешно опстојува на „пазарот“, на чело со Љупчо Ваневски- Бубе, Ивана Ѓеоргиевка и Мишо Стојановски.

Со оглед на нивните многубројни ангажмани наназад низ годините, малку како да ја запоставија авторската музика, но една вистинска животна приказна раскажана од татко му на Бубе ги натера да влезат во студио и да работат на нова песна.

„Едноставно така ми дојде идејата. Посебно ги сакам песните кои имаат некаква приказна позади себе, односно оние што се создадени според некаква вистинска приказна“ – вели Бубе.

Тие целосно довербата му ја доверија на композиторот Зоран Рудан- Цеки, кој пак во музика и текст ја преточи вистинската љубовна приказна. Песната носи наслов „Дјевушка“ и се пее на руско-македонски јазик.

Сигурно многумина ќе прашаат зошто се пее и на руски јазик во песната, но и тоа како има добра причина за тоа.
Имено, се работи за преубава Русинка по име Катерина, со која таткото на Бубе бил во кратка љубовна врска во неговата младост…

„Цеки ми е доста добар пријател со кого се дружиме долги години. Во една наша дружба му раскажав за Катерина од Москва, која татко ми ја запознал во неговата младост кога бил на зимување во Јахорина. Така всушност и се создаде оваа песна. Тоа било кратка зимска авантура која траела само две недели. Катерина била дојдена со нејзините родители, а татко ми бил со неговите другари од Скопје. Според кажувањата на татко ми, тоа биле преубави моменти, едноставно било љубов на прв поглед. Сепак, тоа траело само десетина дена, Катерина се вратила во Русија, а татко ми во Скопје. Уште година дена после тоа се допишувале преку писма, но никогаш повторно не се виделе… Но, татко ми честопати знаеше да се присети на тие моменти од неговиот живот. Очигледно таа Катерина му оставила голем впечаток“ – раскажа Бубе од „Компас бенд“.

За оваа нова песна „Компас бенд“ сними и видеоспот на преубавиот Пелистер, каде покрај Бубе, Ивана и Мишо се појавуваат уште неколкумина актери.

Инаку ова е само најава за она што допрва следува од „Компас бенд“. Тие ветуваат дека периодов ќе бидат доста активни кога се работи за издавање на авторска музика, а живите настапи ширум нашата земја ќе продолжат со ист интезитет како и до сега.

Слушнете и уживајте во нивната „Дјевушка“:

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Елмас: Реал Мадрид секогаш е фаворит, но тие не победуват секогаш

Следно

Јанушев: Спасовски им нанесе материјална штета на граѓаните со издавање на лични документи кои знаел дека нема да важат

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop