Сè што треба да знаете за тироидната жлезда

May 17, 2024
1 min read

Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални телесни функции. А, доколку таа не функционира правилно, може да доведе до нерамнотежа на хормоните, што, на пр., предизвикува повеќе замор, болка и лошо расположение.

Хипертироидизам е состојба каде што тироидната жлезда произведува премногу хормони, а хипотироидизам е она кога се лачат премалку хормони. Зголемената жлезда може да се манифестира и како оток на вратот. Овој оток е обично безболен, но може да предизвика кашлање и отежнато зборување. Говорејќи за овие состојби, жените имаат поголема веројатност да ги добијат, отколку мажите. Во таа смисла, лекарите откриваат на кои симптоми посебно треба да се внимава.

Заморот и болките во мускулите се вообичаени знаци дека можеби имате болест на тироидната жлезда, како и чувствителност на топло – студено. Тоа е така поради послабото функционирање на тироидната жлезда.

А, тоа пак, понекогаш предизвикува и депресија кај многу луѓе. Натаму, според стручњаците, постарите луѓе со недоволно активна тироидна жлезда, може да бидат изложени на поголема опасност од губење на помнењето, додека децата може да доживеат побавен развој до пубертетот.

„Болеста на тироидната жлезда може да влијае на секого, но таа е почеста кај жените отколку кај мажите и обично се јавува на возраст од 20 до 40 години. Генетиката исто така игра голема улога, а истражувањето од ‘Веривел’ посочува дека приближно 64 насто од хормони што ја стимулираат тироидната жлезда се генетски предодредени, што би значело дека ако имате близок член на семејството со ова нарушување, и Вие сте изложени на зголемен ризик“, според сознанијата на Националната здравствена служба на Велика Британија.

Меѓутоа, ако во семејството има историја на болести како што се анемија или лупус, тоа, исто така, може да значи поголема изложеност на болести на тироидната жлезда. Тука спаѓа и дијабетес тип 1. Во оваа смисла, фактор на опасност е и навиката на пушење. Откажувањето од цигарите може да го намали ризикот од заболување на тироидната жлезда бидејќи тие содржат токсини што ја менуваат работата на самата жлезда.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ОВА Е СИНОТ НА ИНДИРА РАДИЌ: Поранешниот сопруг го киднапирал, а таа од денот кога го вратила назад се нема одвоено од него – денес има сопруга и дете! (ФОТО)

Следно

Поранешниот претседател на Србија имал сообраќајка

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop