СЕ РАДУВАМ ШТО ХЕДА ГАБЛЕР МИ СЕ СЛУЧУВА БАШ СЕГА, ВЕЛИ АКТЕРКАТА САЊА АРСОВСКА ЗА НОВАТА ПРЕМИЕРА ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР

April 17, 2024
1 min read

Режисерот Васил Христов во Драмски театар во Скопје ја постави претставата „Хеда Габлер“ според текстот на Хенрик Ибзен, чија премиера е на 20 април (сабота) на сцената „Ристо Стефановски“. Адаптацијата на текстот ја направија Христов и Викторија Рангелова-Петровска, која е драматург и директорка на Драмски.

Христов вели дека во 1890 Ибзен ги скандализирал театарската јавност и воопшто естаблишментот, создавајки уште еден женски лик кој отстапува од востановените општествени норми.

„Хеда Габлер како една од најпознатите (анти)хероини во драмската литература одиграла значајна улога во подигнувањето на свеста за женските прашања. Ибзен создал женски лик кој одбива да живее и да им служи на конвенциите на патријархалното општество. Нејзината борба за автономност и потрага по совршенство, како и нејзината амбиција да поседува ‘машка моќ’ да може да влијае како врз сопствената, така и врз судбината на другите, резултира со убиство на самото совршенство. Нејзиниот чин остава трага кој ја симболизира борбата за родови права и еднаквост“, вели режисерот.

Трајковиќ, Абдула, Ранглова-Петровска, Христов, Арсовска, Љутков и Климоска на денешниот прес. (Фото: СДК.МК)

Насловната улога ја игра Сања Арсовска, која на денешната прес-конференција рече дека станува збор за еден од најкомплексните и најтешки ликови некогаш напишани.

„Отсекогаш посакував да ги играм Хеда Габлер и Медеја, еве ми се исполни за Хеда, за Медеја веројатно ќе треба да почекам уште малку. Особено ме радува што Хеда Габлер ми се случува во овој момент, за некои улоги е потребно да се има како актерска зрелост, така и животно искуство. Мислам дека нема подобар момент. Не би сакала за зборувам за улогата на жената во општестввото, туку за емотивната состојба на жената предизивикана од општествените стеги. Хеда Габлер е тоа што би станала Нора на истиот автор доколку не го напушти и домот. Хеда Габлер ја идентификуваат како женскиот Хамлет со сите дилеми кои ги носи во себе. Направивме еден доста модерен, етстетски специфчен јазик“, кажа Арсовска.

Во екипата се и Зоран Љутков, Владимир Петровиќ,  Дениз Абдула и Сара Климоска. Сценограф на претставата е Христов, а костимите се на Розе Трајчевска-Ристоска. „Хеда Габлер“ за првпат се поставува во Драмски.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Германски министер најавува забрана за возење во викенди

Следно

Чави: Барселона ќе се врати уште посилна во Лигата на шампионите следната сезона

Latest from Blog

АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

Минатонеделната колумна „Амар си удри шамар“ повторно на нож ја дочекаа читачите на наслови, кои од друга литература, читаат само упатство за користење влажни марамчиња, ако го заборавиле мобилниот таму каде што

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop