Се проверуваат 6 јавни набавки во „Државна лотарија“, ОЈО бара одземање на пасошот на Ајрули

December 26, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице.

Првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“, е осомничен за – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. За второосомничениот сопственик и правното лице постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство согласно член 275-в и од Кривичниот законик.

-Првоосомничениот во периодот од 2022 до 2024 година одобрувал исплата по фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“. Фактурите ги издавал второпријавениот сопственик и управител на осомниченото правно лице, иако и двајцата биле свесни дека дел од опремата во фактурите не се испорачувала согласно предвиденото во склучените договори за јавни набавки. Предмет на проверки е целокупната постапка за доделување на шест јавни набавки на ваква опрема за „Државна лотарија“, од моментот на утврдување на техничките спецификации до реализацијата, информира Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот сопственик на правното лице – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во судот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

Следно

Израелски воени авиони извршија нови воздушни напади во Јемен

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,
Go toTop