ИСТАНБУЛ (АА) – МУХАМЕТ НАЗИМ ТАШЧИ –
Се зборува дека американскиот милијардер Илон Маск почнал да ја користи платформа Х, која е во негова сопственост, за ширење на своите политички ставови низ светот, објавувајќи ги политичките случувања во Венецуела, Велика Британија и Германија, особено вестите поврзани со претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), пишува Анадолу.
Маск, кој управува со една од највлијателните светски платформи за социјални медиуми, не се двоуми да го искористи тоа за ширење на својот поглед на светот.
Отворената поддршка на Маск за поранешниот претседател Доналд Трамп пред претседателските избори во САД, препирките со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, неговиот конфликт со лондонската администрација по насилните акции на крајните десничари во Велика Британија и како последно, неговата расправија со бразилската Влада, ја потврдува оваа ситуација.
Маск е критикуван дека е позициониран до популистичката десничарска политика со неговите политички испади.
Од друга страна, Маск најави дека е подготвен да учествува во Владата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп доколку победи на изборите.
Трамп рече дека доколку победи на изборите на 5 ноември, ќе формира „владина комисија за ефикасност“ со која ќе претседава Илон Маск. По изјавата на Трамп, Маск на својот X профил сподели: „Со нетрпение очекувам да ѝ служам на Америка доколку се укаже можност“.
– Дали платформата Х е политички неутрална?
Кога Маск во април 2022 година се обидуваше да го купи Твитер, како што оваа платформа беше позната во тоа време, тој изјави дека го направил тоа затоа што Твитер не може да го реализира својот потенцијал како „платформа за слободен говор“.
Се доведува во прашање дали Маск останал лојален на овој пристап по купувањето на Твитер, за кој нагласуваше дека како платформа треба да биде „политички неутрална за да ја заслужи довербата на јавноста“.
Експертите сметаат дека Илон Маск, кој со 196,6 милиони е најмногу следен корисник на X, сѐ повеќе ја користи платформата како микрофон за ширење на своите политички ставови.
– Отворено го поддржа Трамп на претседателските избори во САД
Маск, кој се најде на агендата со своите изјави и чекори во време кога се наближуваат претседателските избори во САД, упати сигнали дека иако претходно ги поддржуваше демократите, на овие избори целосно се свртел кон републиканците.
Во објавата на својот профил на платформата X на 14 јули, Маск за прв пат отворено го поддржа поранешниот претседател Доналд Трамп, врз кого беше извршен обид за атентат.
Сепак, ова не беше прва изјава на Маск во врска со изборите.
Илон Маск, кој ги поддржуваше демократите на последните 3 избори во САД, извесно време беше во расправија и со Доналд Трамп.
– „Порано не бев многу политички ориентиран“
Илон Маск преку платформата Х официјално ја објави претседателска кандидатура на републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, во мај 2023 година.
Овој настан заврши негативно поради технички пропусти, но тоа беше важен чекор за Маск во желбата да го претвори X во „дигитален градски плоштад“.
Интервјуто на Маск со Доналд Трамп минатиот месец исто така доживеа технички дефекти и започна со приближно 42-минутно доцнење.
Во текот на интервјуто, вниманието го привлече изјавата на Маск дека „претходно не бил многу политички ориентиран“.
– Реакција за „слугата на Трамп“
Маск ја покани на интервју и Камала Харис, потпретседателката на САД и претседателски кандидат на Демократската партија.
Иако Харис не одговори на поканата, нејзиниот тим од кампањата реагираше на интервјуто на Маск со Трамп.
Во изјавата дадена од предизборниот тим на Харис, се тврди дека Маск, опишан како „слугата на Трамп“, се обидува американската демократија да ја преземе во свои раце.
– Политичката промена на Маск по Х
Маск, кој пред X не правеше или избегнуваше полемики со политичарите како што го прави тоа во моментов, откако го купи X почна почесто да се расправа со владите и државните лидери, за разлика од сопствениците на другите платформи за социјални медиуми.
Политичката промена на Маск во Х се совпадна со периодот во кој останатите платформи за социјални медиуми, особено Фејсбук и Инстаграм на Мета, останаа релативно настрана од политиката.
Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, никогаш официјално не поддржал претседателски кандидат.
За разлика од Закерберг, Маск се расправа со оние кои не се согласуваат со него.
– Расправии со влади и шефови на држави
Во април, Маск се расправаше со Владата на австралискиот премиер Ентони Албаниз поради блокирањето на пристапот до снимките од нападот во црквата во Сиднеј.
Додека Маск реагираше на одлуката за цензура на администрацијата од Канбера, Албаниз го опиша Маск како арогантен милијардер кој се гледа себеси над законот.
Германското Министерство за надворешни работи упати одговор до Илон Маск, кој објави антимигрантски пост цитирајќи вест објавена во септември 2023 година за 8 бродови на германски невладини организации кои собираат нерегуларни мигранти во Средоземното Море ‘да ги истоварат во Италија’.
Во јуни, Маск ги доведе во прашање критиките против АфД (Алтернативна партија за Германија) по изборите за Европскиот парламент и објавувајќи ја објавата: „Се чини дека политиката на АфД не е толку екстремистичка.“
Маск влезе во расправија на социјалните мрежи со претседателот Николас Мадуро откако претседателот на Венецуела објави дека победил на претседателските избори на 28 јули.
Расправијата на социјалните мрежи, што започна меѓу Маск и Мадуро, доби интересен пресврт кога Мадуро го предизвика Маск на дуел.
На 9 август, Мадуро нареди 10-дневна забрана на платформата, тврдејќи дека Х шири омраза и насилство во Венецуела.
Продолжувајќи да споделува објави за изборните резултати во Венецуела, Маск ги коментараше и актите на насилство предизвикани од екстремните десничари во Англија.
Маск на својата платформа објави дека „граѓанската војна е неизбежна“ по нападите врз хотелите и џамиите во кои престојуваа бегалците и мигрантите низ Велика Британија и започна расправија со британскиот премиер Кир Стармер и владини претставници.
Минатата недела бразилскиот Врховен суд објави дека пристапот до платформата е забранет „додека не се назначи претставник на X во земјата и не се платат казните“.
Реагирајќи на оваа одлука, Илон Маск на платформата X го сподели коментарот: „Слободата на изразување е камен-темелник на демократијата, а во Бразил неизбраниот таканаречен судија ја уништува од политички причини“.
Со тоа Бразил влезе меѓу земјите со коишто Маск имаше проблеми.
– Истрага од ЕУ –
Од друга страна, во јули, Комисијата на Европската Унија (ЕУ) започна истрага против Х поради прекршување на Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA) заради дозволување ширење дезинформации и незаконски говор на омраза на платформата.
Маск, од друга страна, тврдеше дека Комисијата на ЕУ понудила незаконски „таен договор“ да не биде казнет за возврат за тивко цензурирање на говорите, што не е прифатено од страна на платформата Х.
– „Маск ја разбира моќта на социјалните мрежи“
Аналитичарот Јасмин Енберг рече: „Илон Маск е медиумски мајстор и го контролира еден од најголемите микрофони во светот. Маск ја разбира моќта на социјалните медиуми во обликувањето на политичкиот наратив“.
Посочувајќи дека ова е причина за загриженост, Енберг го рече следното: „Како што ја наметнува сопствената политичка агенда, X намерно или поради самата природа на платформата која станува попартиска, може да ги потисне гледиштата кои се спротивставуваат на идеите на Маск“.
Истакнувајќи дека оваа ситуација може да ги отуѓи корисниците кои мислат дека се маргинализирани на платформата, Енберг рече дека тоа може да разочара и некои корисници кои претходно верувале во акцентирањето на слободата на изразување од страна на платформата.
– Акцентот на „Маск воспоставува пријателски односи со популистичките десничарски лидери“ –
Ден Милмо, уредник за глобална технологија на весникот Гардијан, во изјава за неодамнешните постапки на Маск рече:
„Јасно е дека Маск не го донесе воскреснувањето на Доналд Трамп, но тој секако го зајакна на начин на кој ниту еден друг голем технолошки лидер не можеше да го постигне тоа“.
Милмо изјави дека Маск отпуштил половина од тимот на „избор на чесност“ на Х и го распуштил „советот за доверба и безбедност“.
Потсетувајќи дека е сменет и начинот на функционирањето на системот „син знак“ (знак за потврда на профилот), Милмо тврди дека овој систем, кој се наплаќа, најмногу го користат десничарите.
Милмо сугерираше дека Маск, кој се бореше со Владата на Лабуристичката партија во Велика Британија, има желба да се соочи со левичарските влади, како што претходно тоа го направи со Австралија.
Од друга страна, Милмо посочи дека Маск воспоставил пријателски односи со популистичките десничарски лидери како што се италијанската премиерка Џорџа Мелони, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро и додаде:
„Заеднички именител е тоа што изгледа повеќе е склон да ги слуша политичарите кои се симпатизери на неговиот поглед на светот“.
Извор: Anadolu Agency (AA)