Се продава руинираната фабрика „Купрум“ во Хром, просторот е предвиден за домување

March 20, 2024
1 min read

Објектите на руинираната фабриката за бакар „Купрум“ во скопската населба Хром која се наоѓа веднаш до кејот на реката Вардар во скопската населба Хром се ставени на продажба, објави ТВ21.

Од општина Ѓорче Петров, на чија територија лежи овој имот,претходно информираа дека според Генералниот урбанистички план просторот во фабриката „Купрум“ е предвиден со намена А-домување, што е потврда дека во иднина на овој простор е предвидено да се градат станбени објекти.

Станува збор за имот на фабрика која била во општествена сопственост и за кој подолг период се водеше стечајна постапка заглавена во судски процеси.

Јавното наддавање ќе се одржи на 29 март, а на продажба се ставени пет објекти на фабриката. Станува збор за вкупна површина од 3.200 метри квадратни, а проценети се дека вредат околу 2,3 милиони евра. Продажбата на имотот ќе се врши електронски по пат на јавно надавање без утврдена почетна цена односно почетната цена е 0 денари. Се продаваат деловни и административни згради, со хали, стоваришта и хали.

Земјиштето на кое се наоѓаат сите објекти е во сопственост на државата и тоа не е предмет на продажба.

 

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ССМ: Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари

Следно

Нвидиа го претстави Блеквел Б200, најмоќниот чип на светот

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,
Go toTop