Се појави снимка од ликвидацијата на познат албански мафијаш- го изрешетаа пред бројни минувачи (ВИДЕО)

November 12, 2025
1 min read

Напаѓачите седеле во автомобил од кој излегле кога забележале дека се приближува возилото во кое патувал Дани. Веднаш отвориле оган врз луѓето во другиот автомобил, а потоа испукале уште неколку кратки рафали.

На снимката се гледа како напаѓачите се приближуваат кон автомобилот во кој патувал Дани и отвораат оган врз него.

Според полицијата, во вторник околу 14:20 часот, се случила пукотница на кружен тек во близина на аеродромот. Се сомнева дека е пукано кон возилото во кое се возеле М.Ш. (околу 40 години) и Гилмандо Дани (околу 47 години).

Во „Мерцедесот“ во кој патувале биле пукани од непознати лица од „Тојота Јарис“, која била пронајдена изгорена во градот Фуш Круја кратко време по инцидентот.

Мафијашот Дани е убиен, додека М.Ш. е ранет и е во болница, под лекарски надзор, во тешка состојба.

Гилмано Дани наводно е „десна рака“ на Емилјан Шулази, добро позната фигура во албанското подземје – поранешен студент по медицина кој стана еден од најпознатите криминални водачи во Албанија. Неговото име со години се поврзува со изнуда, трговија со дрога, заплашување и насилство, особено во Тирана и Драч.

Телевизијата Топ Ченел објави видео на кое се гледаат минувачи и полицајци како се обидуваат да го скршат прозорецот од страната на возачот за да ја отворат вратата одвнатре и да ги извлечат жртвите – убиениот и ранетиот маж.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо: Знам дека во Даблин ќе ме исвиркува цел стадион, но ако, тоа ми се допаѓа

Следно

Жената што му се закани на судијата на судењето на Трамп осудена на 27 месеци затвор

Latest from Blog

Рјабков не исклучи нова воена операција на САД против Иран

„Ситуацијата на Блискиот Исток изгледа алармантно, Американците повторно преместија огромен број ударни системи таму, ден по ден го зголемуваат притисокот, се закануваат со употреба на сила и продолжуваат со обидите за дестабилизација

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор. На

Божиновска оствари низа средби со претставници од Шведска, Холандија и Marmara Group со фокус на зелена транзиција и инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари серија значајни средби со меѓународни партнери – претставници на Шведска, Холандија и Marmara Group, со цел унапредување на соработката во областа на

Божиновска бара шведска експертиза и холандски иновации за енергетскиот сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери од Шведска, Холандија и со претставници на Marmara Group, со фокус на унапредување на соработката, привлекување
Go toTop