Се подготвува правилник за премин на доктори од приватното во јавното здравство

October 4, 2024
1 min read

Во Министерството за здравство се подготвува правилник за премин на доктори од приватна во јавна установа. Ова ќе важи само за доктори специјалисти кои ќе бидат потребни во јавното здравство, информираше денеска на прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари.

– Има интерес од доктори кои работат во приватни здравствени установи, да се вратат во државните. Имаше забрана од Влада од јули или од август 2022 година, да не можат да се вработат – од приватна да поминат во јавните здравствени установи. Јас би сакал да информирам и официјално дека пред три недели го поминавме на Влада, да се тргне таа забрана и сега подготвуваме правилник во Министерството за здравство. Не може сите доктори, туку само докторите кои се специјалисти по одредена специјалност – медицина, фармацевти специјалисти и стоматолози специјалисти, но, само доколку директорот на Клиниката ни каже дека има потреба, појасни министерот.

Тој додаде дека тоа би требало да бидат кадри кои се докажани и кои во одреден период си заминале, а сега сакаат да се вратат во јавното здравство.

– Само кај мене се јавени околу десет доктори кои се врвни стручњаци во нашата држава и кои полека почнуваме да ги враќаме и ќе се вратат. Ова е навистина добар чекор. Јас се надевам дека идната година повторно ќе продолжиме со вакви доктори кои изразуваат интерес да се вратат во јавното здравство, истакна Таравари на прес-конференцијата 100 дена Влада.

Во однос на тоа на што најмногу се жалат граѓаните, Таравари рече дека околу 60 до 70 отсто од граѓаните се задоволни од докторите кои работат во јавните здравствени установи.

– Но, новинарите не прават вести со тие пациенти кои се задоволни. Околу 20 до 30 проценти од пациентите кои не се задоволни, имаат разни забелешки, некои оправдани, некои неоправдани. Здравствениот систем постои за пациентите и тие се центарот во орбитата на здравствениот систем. Секако и докторите и другиот медицински персонал се многу битни. Ние треба да ги мотивираме и здравствените работници, не секогаш да кажуваме лошо за нив, туку некогаш и да ги пофалиме. Има одредени забелешки што држат и се обидуваме во разговор со колегите тоа да го амортизираме и да не се повторува. Ако се повторува од ист колега повеќепати, повеќе пациенти да се жалат, тогаш ќе преземеме мерки што може да ги преземе Министерството за здравство, рече Таравари.

За спојувањето на Клинички центар, рече дека во подготовка е стратегија и се надева дека тоа ќе се реализира во 2026 година.

– Советодавното тело во Министерството работи на процесот на спојување на Клинички центар и во подготовка на стратегија. Тука се вклучени и правници во подготвување нов закон за здравствена заштита. Нема да биде веднаш, ќе биде во комуникација со сите комори, здруженија на пациенти, фактори во здравството, за кога ќе го споиме Клиничкиот центар, јас се надевам јануари 2026 година, тогаш да биде подготвен и новиот закон, рече Таравари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Правилата за трансфери на ФИФА спротивни на законите на ЕУ

Следно

Најскапиот квадрат во Србија се продава во комплексот „Белград на вода“- 9.125 евра, најскапиот стан продаден за 955.000 евра

Latest from Blog

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста

Вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Настанот беше можност уште еднаш да се потврдат вредностите на слободата, верската толеранција и

Бојкоски: Обезбедени дополнителни средства за шампионскиот РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер. „Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени

Омерагиќ: ФИФА останува стратешки партнер на македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани
Go toTop