СЕ ОТВОРА 81. ВЕНЕЦИСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ, ДОАЃААТ НАЈМНОГУ ХОЛИВУДСКИ ЅВЕЗДИ ДОСЕГА

August 28, 2024
1 min read

Ѕвездите и сексот се враќаат на Венецискиот филмски фестивал, кој се отвора денеска, откако ланското издание беше сиромашно поради штрајкот на холивудските актери и сценаристи. Единаесетдневниот настан претставува загревање за сезоната на филмски награди, откако филмовите кои имаа премиера во Венеција во последните три години собраа 77 номинации за Оскар и освоија 14.

Меѓу ѕвездите чие гостување е најавено се Бред Пит, Џорџ Клуни, Леди Гага, Хоакин Феникс, Анџелина Џоли, Даниел Крег, Никол Кидман, Мајкл Китон, Винона Рајдер, Џена Ортега, Тилда Свинтон и Едриен Броди.

Сите едвај чекаат да се вратат во Венеција по долгиот штрајк лани. Затоа ќе го имаме најпрометниот црвен тепих досега“, изјави уметничкиот директор на фестивалот Алберто Барбера.

Ланскиот штрајк во Холивуд принуди многумина да го пропуштат настанот откако синдикатите им кажаа на своите членови да не ги промовираат своите проекти. Барбера вели дека некои ѕвезди сами си платија за да се појават во Венеција оваа година.

Се чини дека продукциите не можеа да ги поканат сите таленти, па некои од нив сами платија за карта и хотел само за да бидат тука“, рече тој.

Меѓу филмовите кои ќе се борат за Златен лав се „Џокер: Лудило за двајца“ на Тод Филипс, „Марија“ на Пабло Лараин, во кој Анџелина Џоли ја глуми оперската дива Марија Калас и „Квир“ на Лука Гвадањино, во кој бившиот Даниел Крег игра геј Американец.

Крег има неколку секс сцени кои се доста жестоки. Тоа е еден од филмовите во програмата кој не бега од сексот по неколку години релативна внимателност. Се чини дека сексот беше забранет во филмовите во последните 10-15 години и сега се враќа“, кажа Барбера.

Фестивалот се отвора со „Битлџус, Битлџус“, продолжението на хорор комедијата од 1988, кое ги обедини Мајкл Китон и Винона Рајдер, додека нови лица се Џена Ортега, Моника Белучи и Вилем Дефо. Филмот се прикажува надвор од натпреварувачката програма, исто како и „Волци“ со Пит и Клуни. За наградите ќе се борат 21 филм, меѓу кои е и „Соседна соба“, првиот филм на англиски јазик на Педро Алмодовар.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Краби во Охридско езеро и на шеталиштата

Следно

Изгаснат пожарот кај дебарското село Татар Елевци и депонијата во Могорче

Latest from Blog

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop