Се откачи рингишпил во Србија, повредени 13 деца

May 8, 2024
1 min read

Тринаесетгодишно девојче е тешко повредено, а 12 деца се здобиле со полесни повреди кога на саем во српскиот град Куршумлија се олабави дел од конструкцијата на рингишпилот, пренесува Бета.

Директорката на локалниот здравствен дом Уранија Петровиќ за Радио-телевизија Србија (РТС) изјави дека 13-годишно девојче е испратено на лекување во Клиничкиот центар во Ниш поради повреди опасни по живот.

Полицијата соопшти дека е уапсен сопственикот на рингишпилот.

Телевизијата Н1 јави дека повреденото девојче без свест било пренесено во Ниш.

Според медиумите, несреќата се случила околу 13 часот и 30 минути на саемот во близина на автобуската станица во Куршумлија, а се истражува причината за уривањето на рингишпилот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Брод со 1.908 тони хуманитарна помош тргна од Туркије кон Газа

Следно

До 17 часот: На претседателските избори излезност 39%, на парламентарните 46%

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop