Се одржа најголемиот Test Drive Day на електрични возила во државата до сега под мотото ЕЛЕКТРИЧНО ТЕСТ ВОЗЕЊЕ на Volkwagen ID.

October 2, 2023
1 min read

реклама

На 30. септември во Сервисно-продажниот центар на Порше Македонија се одржа до сега најголемото тест возење на електрични возила во државата. Посетителите и вљубениците во автомобилизмот имаа можност да поминат неколкучасовно дружење, во кои беа вклучени презентации и тест возења, а воедно и да дознаат како е возможно да поминат 400 км за 300 ден.

Настанот помина во одлична атмосфера, со голема посетеност и повеќе од 100 тест возења на вкупно 7 возила од електричните модели на Volkswagen ID.3, ID.4 и ID.4 GTX.

реклама

Настанот е дел од кампањата на Volkswagen – “Сакате да поминете 400км за 300ден?” со цел потрошувачите подобро да се запознаат и да поминат повеќе време во друштво на  Volkswagen ID. електричните автомобили.

Во рамките на настанот се одржаа презентација за најзначајните особини на електричните возила, како и преглед на трошоци за возење на струја наспроти возење на традиционални горива:

реклама

Воедно, на настанот се презентираше и новиот ID.7 кој започнува со пред-продажба. Oд денес, клиентите ќе можат да го нарачаат моделот во пакетот спецификации Pro со автономија до 621 километар (WLTP).

За лансирање на пазарот, Volkswagen го опреми ID.7 со особено удобни и висококвалитетни технологии. Стандардно се вклучени акцентите како што се head-up дисплејот со изменета реалност и системот за навигација „Discover Pro Max“.

реклама

Повеќе за овој модел може да дознаете на https://www.volkswagen.com.mk/id7

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пирло може да добие отказ поради – Несторовски!

Следно

Алексис Ципрас на гости во Струмица кај Зоран Заев

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop