Се обидел да преплива 32 километри, кога морето станало крваво- го нападнала ајкула

October 9, 2025
1 min read

Во застрашувачкиот инцидент, кој се случил на 30 септември, Мареј се здобил со сериозни повреди, но успеал да се одбрани и да го спаси животот, објавува Дејли меил.

„Невидена сила“

Мери бил во морето околу два и пол часа кога одеднаш бил нападнат од чудовиштето од длабочините, долго до 1,8 метри. Прво го каснала за левата рака, а потоа и за десната нога.

„Телото на ајкулата е како еден голем мускул, невидена сила“, изјавил тој за локалните медиуми.

И покрај сериозноста на нападот и повредите, Мареј тврди дека не чувствувал болка, туку чист адреналин.

„Не бев ни во шок. Бев само… вознемирен“, додаде тој.

„Никогаш не вели никогаш“

Откако ајкула го каснала за ногата, британскиот пливач почнал да ја клоца и на крајот ја избркал. Неговиот екипаж на бродот не го забележал нападот сè додека Мареј не допливал до нив.

Тие веднаш му пружиле прва помош, а кога стигнале на брегот, пливачот бил однесен во болница. Добил 20 конци на раката, додека повредата на ногата била посериозна и барала понатамошен третман.

Локалните власти велат дека нападите од ајкули се исклучително ретки во тој дел од Калифорнија – само 15 инциденти се регистрирани во областа на Лос Анџелес од 1950 година, додека во целата држава имало нешто повеќе од 200.

И покрај сè низ што поминал, Мареј не се откажал од своите соништа. Кога го прашале дали би се обидел повторно да го исплива истиот дел, тој едноставно одговорил: „Никогаш не вели никогаш“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Литванија водеше во Хелсинки, ама Финска на крајот се радуваше на победата!

Следно

Битола ја добива својата зимска атракција – ноќно скијање на Копанки

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop