Се навршуваат 21 година од трагичната авионска несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски

February 26, 2025
1 min read

Денеска во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар во БИХ, ќе бидат одбележани 21 година од трагичната смрт на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски. Во несреќата која се случи во близината на аеродромот во Мостар, загинаа и членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Членови на семејствата и други државни делегации ќе положат цвеќе на гробот на Градските гробишта Бутел во Скопје. Ќе има почест и на спомен обелејето во Ротимље.

Претседателот Борис Трајковски загина во 2004 година, откако тогашниот владин авион падна во близина на Мостар. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Трајковски со авионот „Кингер“ патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во БИХ. Авионот требаше да слета во 8 часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по падот.

Првичната истрага што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност.

Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изменет режим на сообраќај на автопатската делницата Демир Капија – Смоквица

Следно

Сиљановска-Давкова на средба со генералниот секретар на Советот за регионална соработка

Latest from Blog

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од
Go toTop