Се намалува цената на Еуросупер 98, останатите деривати со иста цена

September 29, 2023
1 min read

реклама

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,231%, кај дизелот зголемување за 0,083%, кај екстра лесното масло има намалување за 1,177% и кај мазутот намалувањето е за  0,495%.

реклама

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,308%

Од 30.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

реклама

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  87,00 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             89,00 (денари/литар)

реклама

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            85,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                             48,715 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фламенго по само пет месеци го отпушти Сампаоли

Следно

Потврдено: Мизрахи на чело на Анкетната комисија за Онкологија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop