Се моли Џорџ Клуни да не се замислува кинг-мејкер

July 12, 2024
1 min read

Холивудскиот актер кој себе се доживува како „доживотен демократ“, апелираше до Бајден доброволно да се повлече од овогодинешната претседателска трка. Тоа беше спакувано заедно со панегирик за карактерот и достигнувањата на претседателот (види: Џорџ Клуни го пушти Бајден низ вода) за на крајот писанието да се сведе на поента дека Бајден е премногу стар за да победи.

Интервенцијата на Клуни мириса на елитен патернализам. Актерот, чие политичко искуство главно се состои од глумење домаќин на раскошни вечери за собирање донации, сугерираше дека зборува во име на целата партија тврдејќи дека „секој сенатор, конгресмен и гувернер “ приватно се согласуваат со неговата проценка. Вакво тврдење за консензус е нереално и ја игнорира поддршката што Бајден сè уште ја ужива во клучни изборни сегменти.

Неодамнешните анкети даваат понијансирана слика отколку што сугерираат смелите изјави на Клуни. Истражувањето на Њујорк Тајмс/Колеџот Сиена, спроведено по дебатата против Доналд Трамп, покажа дека иако 77 отсто од демократите под 45 години веруваат дека Бајден е премногу стар за да биде ефективен, само 49 отсто од оние над 45 години го делат тоа мислење. Друга анкета покажа дека поддршката за заминување на Бајден е најмала кај црните гласачи: меѓу оние над 50 години, што е клучна демографија за претседателот, само 32% мислат дека тој треба да се повлече.

Овие бројки ја истакнуваат растечката генерациска и расна поделба во Демократската коалиција. Помладите, попрогресивни гласачи можеби се желни за свежа енергија, но постарите и малцинските гласачи – кои долго се столб на партијата – и понатаму се колебливи да се откажат од познато лице како што е Бајден.

Се чини дека Бајден или клучните луѓе во неговата екипа се свесни за оваа динамика и ја користат; во интервју со Џо Скарборо, Бајден оцени дека критиките доаѓаат од елитистички кругови кои отворено ги предизвика да се соочат со него на партиската конвенција.  

Оливер Бејтмен проценува дека демократите кај работничката класа можеби се загрижени за возраста на Бајден но уште повеќе се загрижени партијата да биде заробена во целосна контрола на ултра-богатите донатори.

„Обидот на Клуни да глуми кинг-мејкер е само најнов пример за нездравата опседнатост на демократите со поддршки од висок профил. „Фаците“ може да привлечат наслови и толпи, но ретко ги предомислуваат вистинските гласачи. Партиската фиксација на милијардерите и моќта на ѕвездите може лесно да го одвлече вниманието од битното: негламурозното решавање на проблемите на работничката класа и поддршката меѓу малцинските заедници“, пишува Бејтмен.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медиуми: Новите барања на Нетанјаху ја комплицираат потенцијалната размена на заложници и прекинот на огнот со Хамас

Следно

Мурат Јакин останува на селекторското место на Швајцарија

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел
Go toTop