Се јавија експертите за партиски инсталации: Зад разрешувањето на Коцевски, се криел обид за инсталација на партиски послушник

February 19, 2025
1 min read

Кога експерт/мајстор ќе каже, кажано е, вели народот. Ова директно се однесува и на денешната рекација на СДСМ околу иницијативата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, кој според зборовите на неговите колеги Хајрулахи и Цветановски лично се залагал против ВМРО-ДПМНЕ и поништувал случаи кои биле во нивна корист. А за непослушноста, ги разрешил двајцата обвинители кои не сакале да отстапат од правдата. Многу објективен, непристрасен и професионален чин, нели?

„Зад разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски се крие обид за инсталација на партиски послушник на власта“. Ова е денешниот коментар на опозицискиот СДСМ откако вчера Владата го задолжи Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој потоа ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители од каде што е потребно да се добие мислење..

Симптоматично, Коцевски е поставен на функција во време кога беше прашање на денови кога СДСМ ќе падне од власт. Промените во судството и обвинтелството беа јавно најавени како отстапница за тогаш владејачката партија за криминалите за кои ќе треба да одговара кога ќе замине во опозиција. Факт, кој се покажа дека е 100 насто реален и точен.

Според Александар Алексовски од правната комисија во СДСМ, се случува процес на партизација и политички упад во правосудниот систем на државата од страна на власта. Ова го зборува партијата која во еден единствен ден во 1996-та смени 400 нови, свои судии, партија позната по распупеното судство на Заев, по нарачките до Кацарска и Русковска, маратонски судења на патриоти, силни поддржувачи на Катица Јанева која ја носеа на маички. Со еден збор, ЕКСПЕРТИ за партизација…

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД донираше мобилно оперативно возило на Црвениот крст на Македонија

Следно

Случаите на омраза против муслиманите минатата година достигнаа рекордно високо ниво во Велика Британија

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop