Се јави градоначалникот на Демир Хисар, Најдовски: Разрешувањето на Лозановска било законски

August 14, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски вели дека процесот на разрешување на директорката Маја Лозановска во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ е законски и врз основа на решение добиено од Државен просветен инспекторат по утврдени низа нерегуларности во однос на извршување на наставниот процес во самото училиште.

„Овој процес е чисто законски и е врз основа на решение добиено од Државен просветен инспекторат, во коешто јас се задолжувам веднаш и без одлагање да ја разрешам директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар. Исто како што предвидува законот постапив веднаш, изјави Најдовски, во гостување на телевизија Сител.

Најдовски посочи дека по однос на финансиските нерегуларности против директорката Лозановска се води друг случај, додека во врска со овој случај, истата е разрешена по утврдени низа нерегуларности во однос на извршување на наставниот процес во училиштето. 

„По однос на финансиските нерегуларности, против директорката се води друг случај, а овој случај, односно ова решение кое јас го добив од просветен инспектор е за големи нерегуларности во однос на извршување на наставниот процес во самото училиште. Се доставува решение во коешто се констатира дека не се остварени 158 наставни часа од годишниот фонд за редовна настава во училиштето, што значи дека по неколку наставни предмети учениците воопшто и не одржувале настава. Не се одржува дополнителна настава по 16 наставни предмети во две паралелки во учебната 2023/2024 година“, појасни Најдовски. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најдовски: Разрешувањето на Лозановска е законски, по утврдени низа нерегуларности

Следно

Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop