Најдовски: Разрешувањето на Лозановска е законски, по утврдени низа нерегуларности

August 14, 2025
1 min read

Во интервју за „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител , градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски говореше за последните случувања во врска со разрешувањето на директорката Лозановска во СОУ „Крсте Петков Мисирков“. Тој е дециден дека процесот на разрешување е законски и врз основа на решение добиено од Државен просветен инспекторат по утврдени низа нерегуларности во однос на извршување на наставниот процес во самото училиште.

-Овој процес е чисто законски и е врз основа на решение добиено од Државен просветен инспекторат, во коешто јас се задолжувам веднаш и без одлагање да ја разрешам директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар. Исто како што предвидува законот постапив веднаш, истакна градоначалникот Најдовски.

Најдовски посочи дека по однос на финансиските нерегуларности против директорката Лозановска се води друг случај, додека во врска со овој случај, истата разрешена е по утврдени низа нерегуларности во однос на извршување на наставниот процес во училиштето. Тој наведе дел од нерегуларностите кои се констатирани.

-По однос на финансиските нерегуларности, против директорката се води друг случај, а овој случај, односно ова решение кое јас го добив од просветен инспектор е за големи нерегуларности во однос на извршување на наставниот процес во самото училиште. Се доставува решение во коешто се констатира дека не се остварени 158 наставни часа од годишниот фонд за редовна настава во училиштето, што значи дека по неколку наставни предмети учениците воопшто и не одржувале настава. Не се одржува дополнителна настава по 16 наставни предмети во две паралелки во учебната 2023/2024 година, заклучува Најдовски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски се пласира во четвртфиналето на турнир во Барселона

Следно

Се јави градоначалникот на Демир Хисар, Најдовски: Разрешувањето на Лозановска било законски

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop