Се испорачуваат учебниците за новата учебна година – 124 основни и средни училишта ќе учат во една смена

August 20, 2024
1 min read

На десетина дена пред стартот на новата учебна година почна дистрибуцијата на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта оваа учебна година…Испораката како што велат од ресорното министерство треба да биде заокружена пред првиот училишен ден. Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги предупреди училишните раководства да организираат навремен прием на учебниците.

 

Дистрибутерите немаат должност да доаѓаат по втор или по трет пат во училиштето за да ги достават учебниците и затоа, било какви изговори на директорите за одложување на приемот се неприфатливи.

Во претстојната учебна година учениците како досега, ќе се снаоѓаат со материјали за странските јазици но и предметите за јазикот и културата на заедниците, за кои во најголем дел поради лошиот квалитет на предложените учебници, истите не се одобрени. Материјалите за јазиците ќе бидат објавени на веб страната на Бирото за образование. Од 1 септември 124 основни и средни училишта ќе почнат со настава во една смена а надлежните велат дека едносменска настава е приоритет и во следните неколку години ќе се вршат прилагодувања на сите училишта. Оваа учебна година се укинува и пролетниот распуст.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона ќе се обиде да го доведе Рафаел Леао?

Следно

Мицкоски: Довербата на граѓаните во правосудните органи е катастрофално ниско

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop